22. Недела по Педесетница – За богатиот и сиромавиот Лазар (17. 11. 2019)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 43 seconds


Свето евангелие според светиот апостол Лука

16:19-31

19. Еден човек беше богат и се облекуваше во порфир и свила, и секој ден живееше раскошно и се веселеше.

20. Имаше исто така, и еден сиромав, по име Лазар, кој струплив лежеше пред вратата негова;

21. и сакаше да се нахрани со трошките што паѓаа од трпезата на богатиот; и кучињата доаѓаа и ги лижеа раните негови.

22. Умре сиромавиот и ангелите го однесоа во крилото Авраамово; умре и богатиот и го погребаа.

23. И во пеколот, кога беше во маки, ги подигна очите свои и го виде оддалеку Авраама и Лазара во крилото негово,

24. и, откако извика, рече: »Оче Аврааме, смилуј се на мене и прати го Лазара да го накваси својот прст во вода и да ми го разлади јазикот, оти многу страдам во овој пламен!«

25. Но Авраам рече: »Синко, сети се, дека ти си го добил своето добро уште додека беше жив, а Лазар злото; сега, пак, тој се утешува, а ти страдаш.

26. Освен тоа, меѓу вас и нас постои голема провалија така што оние, кои би сакале да дојдат при вас, не можат; а исто така и оние оттаму – при нас.«

27. А тој пак рече: »Тогаш те молам, оче, прати го во татковата ми куќа,

28. зашто имам петмина браќа, та да им посведочи, за да не дојдат и тие во ова место на маките!«

29. Авраам му рече: »Тие го имаат Мојсеја и Пророците; нив нека ги слушаат!«

30. А тој рече: »Не, оче Аврааме, туку, ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат.«

31. Авраам му рече: »Штом Мојсеја и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат.«“

+++

Гледаме дека богатиот нема име, а сиромавиот има – Лазар, односно гледаме дека првиот нема личносен однос со Бог, а вториот има.

Гледаме дека преку себичните уживања од овој свет се стигнува до пеколот, а дека преку трпењето на страдањата со благодарност се стигнува до Рајот.

Гледаме дека пеколот е место на големо и осамено страдање, а дека Рајот е место на голема утеха и заедница.

И гледаме дека нема премин од пеколот кон рајот, и обратно. Додуша, ни разговор нема – ни во самиот пекол, ама ова е доволна педагошка порака, како материјал за размислување и мотивација за неверните, робовите и за наемниците.

Што е битно за оние што сакаат да станат деца Божји од денешното евангелско четиво? (види: Лука 16, 19–31).

Објаснувањето на овој дел:

„Авраам му рече: ’Штом Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат‘“ (Лука 16, 31).“

Source: https://pokajanie.mk/2020/11/04/2019-17-11/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Свети Сергиј Радоњешки (25 септември/8 октомври)

Во првата половина на 14 век изникнала знаменитата Троице-Сергиева Лавра. Нејзиниот основач Сергиј (во светот, Вартоломеј) бил син на ростовски болјари Кирил и Марија, коишто се преселиле близу Москва во населбата Радоњеж. На седумгодишна возраст, Вартоломеј тргнал на училиште. Тој со сета душа жедн...

Image Description
3 years ago

Обрезание Господово

 31 декември/13 јануари 2019 лето Господово Во осмиот ден по своето раѓање, нашиот Господ Исус Христос благоволи да биде обрезан за да го исполни Законот. „Не дојдов, рече, да го нарушам Законот и Пророците туку да го исполнам“ (Мат. 5,17). Вака им зборуваше Господ Исус Христос на своите Апо...

Image Description
2 years ago

Свети Кирил, архиепископ Александриски ( Tој ја составил „Богородице Дево, радувај се!)

Свети Кирил, архиепископ Александриски По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новациј...