Title : 33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Example Admin User · 1 month ago

    0 minutes, 0 seconds


33 –та недела по Педесетница (по Богојавление)

Апостол од Послание до Ефесјаните (4, 7-16)

Потребно е да се одржува единството на Духот и да се оди по новиот пат.

7 А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов.

8 Затоа е и речено: »Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето«.

9 А што означува »издигајќи се«, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на земјата.

10 Слегнатиот е Истиот, Кој се издигна повисоко од сите небеса, за да исполни сѐ.

11 И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и учители,

12 за усовршување на светиите во делото на служењето, за изградување на Христовото тело,

13 додека сите не стигнеме до единство во верата и познавање на Синот Божји, до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство,

14 та да не бидеме веќе мали деца, што ги лула и занесува секој ветар на лажните учења, по лукавството на луѓето, по итрото искуство на измамата,

15туку со вистинска љубов во сѐ да растеме во Оној, Кој е глава, Христос,

16 од Кого целото тело, составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поред силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.

Евангелие од светиот

апостол Матеј (4, 12-17), зачало 8.

12 Акога чу Исус дека Јован е предаден, отиде во Галилеја;

13 и, кога го остави Назарет, дојде и се насели во Капернаум приморски, во пределите Завулонови и Нефталимови,

14 за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:

15 „Земјата Завулонова и земјата Нефталимова, на пат кон морето, оданде Јордан, незнабожечка Галилеја е.

16 Народот што седеше во мрак виде голема светлина и на оние што седеа во пределот, и во сенка смртна, им изгреа светлина“.

17 Оттогаш почна Исус да проповеда и да говори: – Покајте се, зашто се приближи царството небесно!

Подготви С. Трајчева

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/21/30486/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
5 months ago

Рождество на Пресвета Богородица

  Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините род...

Image Description
6 months ago

Митрополит Методиј: Божиќно послание 2020

Возљубени духовни чеда, Срдечно ве поздравувам со Радосната Вест на раѓањето на нашиот Господ и Спасител Исус Христос – Христос се роди! Овој светол празник е предвестител на спасителните собитија преку кои Творецот го избави своето создание. Христовото Рождество ни ја најавува радоста на почетокот...

Image Description
4 months ago

Преподобен Теофил Струмички

Блажениот Теофил се роди од побожни родители во близината на градот Тивериопол, денес Струмица, во Македонија. Го крстија кога имаше три години. Еднаш родителите го одведоа на гората Селентија (Еленица, над Струмица) за да земат благослов од светиот старец Стефан. Тој ги благослови родителите и ни...