34 –та недела по Педесетница

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 12 seconds


34 –та недела по Педесетница

Апостол од Послание до Колосјаните (3, 12-16)

12 И така, како избраници Божји, свети и возљубени, облечете се во милосрдност, доброта, смиреност, кротост и долготрпеливост;

13 трпете се еден со друг и проштавајте си. Ако некој има поплака на некого, како што Христос ви прости, така и вие направете!

14 А над сето тоа облечете се во љубов, која е врска на совршенството,

15 и мир Божји да владее во срцата ваши, за што сте повикани во едно тело, и бидете благодарни!

16 Словото Христово изобилно нека се всели во вас; во секоја мудрост да се учите и да се советувате еден друг со псалми и химни, и со духовни песни, пеејќи Му на Господа со благодарност во срцата ваши!

Евангелие од светиот апостол Лука (18, 18-27), зачало 91.

18 И Го праша еден управник, велејќи: »Учителе добар, што да направам за да наследам живот вечен?«

19 А Исус му рече: »Зошто ме наречуваш добар? Никој не е добар, освен еден Бог.

20 Ги знаеш заповедите: не прељубодејствувај, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татка си и мајка си.«

21 А тој рече: »Сето тоа сум го запазил од младоста своја.«

22 Штом го чу тоа, Исус му рече: »Уште едно не ти достига: продај сѐ што имаш и раздај го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; потоа дојди и врви по Мене!«

23 А тој, кога го чу тоа, се нажали, оти беше многу богат.

24 Штом виде дека тој многу се разжалости, Исус рече: »Колку е тешко во царството Божјо да влезат оние што имаат богатство?

25 Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.«

26 Оние, што го чуја тоа, рекоа: »Тогаш, кој може да се спаси?«

27 А Он одговори: »Неможното за луѓето е можно за Бога.«

Source: https://pokajanie.mk/2021/01/27/30565/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Рождеството Христово на Света Гора

Митрополит Николај Месогијски – Високопреосветен владико, која е највисоката точка на светот? – Се разбира, вашето прашање е во врска со книгата која ја напишав за Света Гора, „Највисоката точка на земјата“, и за моите доживувања таму. Тоа е само игра на зборови, не постои...

Image Description
3 years ago

Недела по Рождеството Христово: Спомен на 14 000 витлеемски младенци

Недела по Рождеството ХристовоСпомен на 14 000 витлеемски младенци....12. И кога примија в сон вест, не се вратија веќе при Ирода, а си заминаа по друг пат за својата земја.13. А штом си отидоа тие, ете, ангел Господов му се јави на Јосифа в сон, велејќи: „Стани, земи Го Младенецот и мајка Му, па...

Image Description
3 years ago

ПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА СВЕТА ПЕТКА, МОЛИ СЕ ЗА НАС!

ПРЕПОДОБНА МАЈКА ПАРАСКЕВА СВЕТА ПЕТКА УТРЕНА Тропар, глас 4. Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот Младоженец, ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со Крстот си се вооружила против враговите на душата; со пост, молитви и капки од с...