„Ако ние не се спротивставиме, ќе станат од гробовите предците наши“ – Кинотот на Света Гора против законопроектот за „промена на полот“

„Ако ние не се спротивставиме, ќе станат од гробовите предците наши“ – Кинотот на Света Гора против законопроектот за „промена на полот“

„Ако ние не се спротивставиме, ќе станат од гробовите предците наши“ – Кинотот на Света Гора против законопроектот за „промена на полот“

Свештениот Кинот на Света Гора Атонска од името на сите 20 светогорски манастири, на 5 октомври, 2017 г., официјално се обрати до депутатите на парламентот и членовите на владата на Грција со призив да не допушат прифаќање на законопроектот за „родовата идентичност“ и слободната промена на полот, кој е изнесен за разгледување од грчкиот парламент, – соопштува порталот «Русский Афон».

Како што се знае, левицата од грчката влада на Алексис Ципрас предложи на парламентот да се прифати законопроектот, кој официјално ја озаконува во земјата слободната промена на полот. Меѓу другото, во него се вели дека „родовата идентичност се определува како езотерски начин на разбирање на човекот на сопствениот пол, независно од полот, регистриран при раѓањето врз основа на неговите биолошки карактеристики, вклучувајќи го исто така и личниот поглед на телото, а и социјалното и надворешното изразување на полот, кое соодветствува со волјата на човекот“. Депутатите на парламентот, кои влегуваат во владеачката коалиција, а исто така и претставници од редот на опозиционите фракции, со повеќето гласа го поддржаа тој законопроект, примајќи го уште на првото заседание.

Дури била утврдена и поправка, која им дозволува на тинејџерите од 15 години да направат операција за промена на полот. Доколку овој законопроект конечно се прифати од парламентот, според него, секој граѓанин на Грција, по исполнување на 15 години ќе може да го смени својот пол, за што доволно ќе биде да поднесе писмено барање.

Во Свештениот Кинот на Света Гора изјавија, дека овој законопроект е богоборство и предизвик на Самиот Творец и Неговите божествени закони. Цитирајќи ги зборовите од Библијата „И го создаде Бог човекот по образот Свој, по образ Божји го создаде; маж и жена ги создаде“ (Бит. 1, 27), членовите на Свештениот Кинот на Света Гора, во обраќањето до министерот на јустицијата Ставрос Контонис, министерот за образование Константинос Гавроглу и до сите депутати на парламентот на Грција, повикаа да не се допушти ваква хула, „во нашата православна татковина, законодавно и неприкриено да се фрли предизвик на Божествениот закон“.

„Ги молиме сите депутати и членовите на владата да направат сè, ваквиот закон да не биде прифатен“, – се вели во обраќањето на Свештениот Кинот.

Освен тоа, светогорците ги искритикуваа утврдените нови училишни учебници од министерството за образование, во кои христијанството се предава еднакво со останатите религии и учења. Според светогорците, тоа ја смива од свеста на грчките деца националната идентичност и наметнува „агностицизам и безбожност“. Во Киното обрнуваат внимание, дека за разлика од децата од грчки православни семејства, на децата од религиозните малцинства (муслимани и други), зачувано им е правото да добијат конфесионално ориентирано образование.

Предупредувајќи ги членовите на владата и депутатите за катастрофалните последици, кон кои што можат да доведат новите закони, Свештениот Кинот го завршува своето обраќање со зборовите на преподобниот Пајсиј Светогорец: „Ако ние не се спротивставиме, ќе станат од гробовите предците наши“.

Epistasiya-2017-10_images_Пресс-Центр_NovostiAfona_Epistasiya_thumb_medium220_0

Неколку недели претходно, во знак на несогласување со политиката на сегашната грчка влада, на собранието во административниот центар на Света Гора, претставници од повеќето светогорски манастири се изјаснија против посетата на Света Гора на премиер-министерот А. Ципрас, кое беше планирано на 28 септември, 2017 г. А во манастирот Дохијар, на пристаништето дури подигнаа црни знамиња со натпис: „Надвор антихристите од Света Гора“. Како резултат на тоа, грчката влада тогаш објави, дека посетата на Света Гора е одложена поради набиена работна агенда на премиер-министерот.

DohiarCipras_images_Пресс-Центр_NovostiAfona_Epistasiya_thumb_medium220_0

Покрај светогорците, против антиправославната политика на владата на А. Ципрас, се изјаснија и јерарсите на Еладската Православна Црква. На ваква реска критика, дејноста на владата и иницираниот од нив законопроект ги подложи Архиепископот Атински и на цела Елада, Јероним II (Лиапис). А митрополитот Етолиски и Акарнаниски Козма (Папахристос) во отворено обраќање до депутатите од грчкиот парламент по повод законопроектот за „родова идентичност“ изјави: „Вие наметнувате закон, кој го одрекува Создателот, Триединиот Бог и хули на Него. Новиот закон е противприроден. Тој посега по психосоматскиот идентитет на човекот, го поддржува развратот и за своја задача има да го попречи човекот на неговиот пат кон осветување и обожување“.

И. Захаридис од Грција, специјално за порталот «Русский Афон»

Користени се материјали од сајтовите: amen.gr, romfea.gr, vimaorthodoxias.gr, agionoros.ru, rua.gr

Извор:http://afonit.info/novosti/novosti-afona/afon-protestuet-protiv-zakonoproekta-o-smene-pola

Продолжете со читање