АНГЕЛИ!

АНГЕЛИ!

АНГЕЛИ!

АНГЕЛИ

• Зборот ангел значи „весник”. Тој назив ангелите го добиле заради начинот на своето служење за спасение на човечкиот род, заради што ги употребува Себлагиот Бог и што тие го исполнуваат co света ревност и љубов. Апостол Павле рекол:

„Нели се тие сите службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението?” (Евр. 1,14)

Времето на создавањето на Ангелите во Светото Писмо не е точно означено; но според општоприфатеното учење во Светата Црква, создавањето на ангелите претходело на создавањето на материјалниот свет и на човекот.

Ангелите се создадени од ништо. Каква благодарност, љубов и почит почувствувале кон Создателот, Кој им подарил битие и воедно духовна наслада, кога себеси одеднаш се виделе создадени во чудесна убавина и блаженство! Созерцанието и славословувањето на Создателот станало нивно постојано занимање.

Господ за нив рекол:

„Кога ликуваа утринските ѕвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост” (Jов. 38, 7).

Co овие зборови од Светото Писмо на најјасен начин се докажува дека ангелите се создадени пред видливиот свет за нас и дека, присуствувајќи на неговото создавање ja прославувале премудроста и силата на Создателот. Нив, како и целиот видлив свет, ги создало Словото Божјо (Логосот Божји):

„Бидејќи преку Hero – вели светиот апостол Павле – е создадено се’ што е на небесата и што е на земјата, видливо и невидливо; било престоли, било господства, било началства, било власти – се’ е преку Hero и за него создадено” (Кол. 1,16).

Овде Апостолот под престоли, господства, началства и власти ги подразбира различните ангелски ерархии. Светата Црква познава три видови на такви ерархии. Секоја ерархија се состои од три чина.

Bo првата спаѓаат Серафимите, Херувимите и Престолите; во втората – Господствата, Силите и Властите; во третата Началствата, Архангелите и Ангелите. Учењето за ваквата поделба на ангелите го изложил свети Дионисиј Ареопагит, ученикот на свети апостол Павле, кој во своите дела набројува некои од чиновите.

Најблиску до Престолот Божји се шесткрилните Серафими, како што видел пророкот Исаија во своето видение.

„Јас го видов Господа – вели тој – седнат на престолот висок и издигнат, а полите на одеждата Негова го исполнија целиот храм. Околу Heгo стоеја серафими; секој од нив имаше по шест крилја: co две секој го криеше лицето свое, co две други ги криеше нозете свои, a co две леташе. И викаа еден кон друг и велеа: ‘Свет, свет, свет е Господ Саваот! Целата земја е полна co неговата слава'” (Иса. 6, 1-Three).

Зад Серафимите пред Престолот Божји стојат Богомудрите многуоки Херувими, потоа Престолите и по ред другите ангелски чинови. Ангелите пред Престолот Божји стојат co голем побожен страв, кој им го влева несфатливата возвишеност на Божеството; не (стојат) co страв кој го чувствуваат грешниците кога се каат и кој се заменува co љубов, туку co страв кој е вечен и претставува еден од даровите на Светиот Дух – co страв co кој Бог е страшен за сите околу Себе.

Од постојаното созерцување на безмерната Божја возвишеност, тие се наоѓаат во постојано блажено восхитување и опиеност, кое го изразуваат co постојано славословие. Пламтејќи co љубов кон Бога тие наоѓаат неисцрпна и бесконечна наслада во самозаборавот во кој повеќе не постојат во себе, туку во Бога.

• Јавувајќи им се на луѓето, Ангелите секогаш се покажувале во човечки облик.

Светото Писмо не спомнува ниту едно јавување на Ангелите во било кој друг вид. Соопштувајќи за јавувања на Ангелите во човечки облик, Светото Писмо никаде не зборува посебно за нивниот изглед, што секако би било сторено кога Ангелите не би имале никаков облик или кога би немале човечки облик.

Ние немаме никакво право Ангелите да ги доживуваме поинаку од она што ги претставува Светото Писмо.

• Местото на живеење на светите Ангели е небото. Тоа ни го открил Господ. „Ангелите на небесата – рекол Он – секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен” (Мат. 18,10).

„При воскресението луѓето ниту ќе се женат, ниту ќе се мажат, а ќе живеат како ангели Божји на небесата” (Мат. 22, 30).

И од многу други места во Светото Писмо се гледа дека небото е живеалиште на Ангелите. Тие живеат на небото, а Бог ги испраќа на земјата заради исполнување на разни Божји наредби, како што видовме од наведените места на Светото Писмо.

Се испраќаат и за да им помогнат на оние кои се спасуваат, како што рекол светиот апостол Павле: „службени духови, определени да им служат на оние, што ќе го наследат спасението” (Евр. 1,14).

АНГЕЛ ЧУВАР

• Црквата не’ учи дека секој христијанин на крштавањето од Бога добива свет Ангел-чувар, кој го чува невидливо христијанинот и го поучува на добри дела во текот на целиот негов живот, потсетувајќи го на Божјите заповеди.

Така и кнезот на темнината, кој сака целиот човечки род да го повлече во пропаст по себе, му доделува на човекот еден од лукавите духови, кој, следвјќи го човекот секаде, се труди да го вовлече во секакви гревови (Догматско Богословие на Православната соборна источна Црква).

Врз основа на овде изложените поими, јасно е дека христијанинот во текот на целиот свој живот е должен да бдее над себе, истовремено исполнувајќи се co страв и co храброст.

Тој е должен постојано да биде внимателен и во страв пред својот непријател и убиец, a воедно, постојано да живее во храброст заради убедувањето дека во негова близина постојано се наоѓа неговиот силен помошник – светиот Ангел. Преподобниот Пимен Велики рекол:

„Големата Божја помош го оградува човекот; но не му се дозволува да ја види”. Секако, не му се дозволува да ја види за, човекот, надевајќи се на таа помош, да не ги занемари и остави подвизите кои се по негова мерка.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви Мина Даниловска