АПЕЛ ЗА ЗАЕДНИЧКО ДЕЛО ВО СЛАВА НА СВЕТИ НИКОЛА!

Example Admin User · 3 years ago

    2 minutes, 2 seconds


август 2021 г

Измина една година од апелот и иницијативата

за возобновувањето на уште еден свет храм, посветен на Свети Никола Чудотворец.

Да бидете во тек, да ве информираме чесно дека во текот на оваа измината година се собраа:

67600  денари, а на девизната сметка 437 евра,

Фала  на верните браќа и сестри. Свети НИкола да се моли на Бога за нив!

Најнова вест и радост ни е,  деновиве, што големиот, а млад човек и верник, брат  Дарко МИхлијанов  се понуди да помогне преку својата градежна фирма.
https://m.facebook.com/darko.mahlijanov

Благодарност на сестра Марија Рунтева – архитект  која на почетокот  безусловно се понуди за  помош, заради почит кон Свети Никола и Бога.

.……….

Еве, да ве потсетиме на апелот кој лани го објавивме, во скромно очекување дека и понатаму скромно ќе ни помагате во ова дело.

…………………………………………………………

2.август 2020г.

Драги наши браќа и сестри – православни христијани и верници и сите останати луѓе!

Во името на иницијативниот одбор, а со благослов на Митрополит Повардарски Агатангел, ви го упатуваме овој апел и молитвена молба за помош, за да го исполниме сонот на мнозина од нас, безусловно и љубовно да послужиме на Бога, па сите заедно да земеме учество во возобновувањето на уште еден свет храм, посветен на Свети Никола Чудотворец.

Нека биде за радост и сведоштво на идните поколенија.

Урнатините од црквичката се наоѓаат во село Ветерско, на подножјето на Градиштанската планина, на 16 километри од Велес. Се претпоставува дека црквата е разорена од турците и маџирите – бегалци, возонбовена во 20. век.

 

 

 

Тажна е глетката денес на ова свето место.

Успеавме со скромни сили ние, иницијативниот одбор, да изработиме идеен проект за нејзиното возобновување.

Благодарност до браќата кои безусловно помогнаа во тоа.

И тука застанавме. Толку ни се силите и можностите  🙁

 

Ни треба подршка и помош за уште многу фази до реализација на крајната цел – да блесне уште еден храм во слава на Бога, црквата Свети Никола како заеднички наш подвиг.

Да оживее духот православен, преку богослуженија во него, за да се спасуваме преку Светата причест и молитвата кон Светителот, за тој пак, Свети Никола, да се застапува и моли за сите нас кои ќе помогнеме, ама и за сите луѓе знајни и незнајни.

За оваа цел, ништо сами, ние неколкумина не можеме. Сета надеж ни е во вас, драги браќа и сестри, да помогнете спрема силите, а во слава на Бога и Свети Никола.

Со надеж во БОга, ви благодариме однапред. Нека го моли Бог Свети Никола за сите, за исцеление на душите и телата наши!

 

Вака би изгледало нашето заедничко дело !

Свети Никола на помош биди ни…

Број на жиро сметка…

Комерцијална банка АД Скопје
број на сметката  30000 7044714858
партија  44714866 Иван костовски

Подготви – ПОКАЈАНИЕ

Source: https://pokajanie.mk/2020/08/02/28638/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

Патријарх Кирил: „Хуго Чавез беше искрен патриот на својата земја“

Патријарх Кирил: „Хуго Чавез беше искрен патриот во својата земја“ Починатиот Хуго Чавез беше еден од најистакнатите политички лидери во современиот свет, искрен патриот на својата земја , кој вложи многу напор за подобрување на условите за живот на својот венецуелски народ. Господинот Чавез беше по...

Image Description
3 years ago

Саентолошката секта регистрирана и во Македонија

САЕНТОЛОШКАТА ТОТАЛИТАРНА СЕКТА РЕГИСТРИРАНА И ВО МАКЕДОНИЈА, И ТОА КАКО ЦРКВА Со одлука на Основниот суд Скопје 2, од пред некој ден во Македонија е регистрирана саентолошката тоталитарна секта како црква. Со регистрацијата, саентолошката секта е вметната во Регистарот на религиозни заедници и верс...

Image Description
3 years ago

Ново издание на нашата Епархија

НОВО ИЗДАНИЕ НА НАШАТА ЕПАРХИЈА Со Благослов на надлежниот епархиски архиереј, Митрополитот Петар, излезе од печат книгата „Историја на Плетварско-беловодичката парохија при Прилепското архиерејско намесништво – Преспанско-пелагониска епархија“. Книгата претставува историски осврт на животот и фунци...