& Христијанска љубовАко на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме само оние што нас нѐ љубат, тогаш каква благодат сме примиле од Бога? Како би го познале Божјото дело и силата на Светиот Дух во внатрешната промена на нашиот карактер?