Title : архим. Павел Пападопулос: СИТЕ СМЕ ГЛАДНИ ЗА ЉУБОВ

архим. Павел Пападопулос: СИТЕ СМЕ ГЛАДНИ ЗА ЉУБОВ

Example User · 2 weeks ago

 

3.angeli.so.truba


СИТЕ СМЕ ГЛАДНИ ЗА ЉУБОВ


Автор: архим. Павел Пападопулос

3.angeli.so.truba


Човекот е гладен за слава и пари, за задоволство и моќ. И овој глад е незаситен и алчен, затоа што е лажен и неприроден. И ветерот  на алчноста и своеволноста беснеат во човековото срце . И токму овој глад “ја јаде” неговата  утроба. Тое е состојба на бесчуствителност и неисполнетост што го преплашува човечкиот живот. Но, зад сето ова се крие една друга глад.

Секој човек гладува. Тој е гладен, но не за смртното,тленото и материјалното. Преку сето ова тој се обидува да го задоволи својот вистински глад. А тоа е гладот за љубов. Ако тој не го задоволи овој негов порив - да дава и да прима љубов, тогаш тој се препушта на јадење, се обидува да стекне материјални работи, и тогаш го губи својот мир и спокој. Може да јаде многу и да се здебели, но сепак нема да биде среќен. Тој може и ќе ги задоволи своите амбиции и „волја“, но нема да  може да најде мир во нив.

Сите сме гладни за љубов. Затоа што сме создадени да сакаме и да бидеме сакани. Тоа е она за што на крајот живееме. Ова е нашата цел. Цел која ги надминува распаѓањето и смртта, која го надминува краткотрајното и сетилното.

Гладни сме за љубов. Гладни сме да се соединиме со другите, гладни сме за прегратки и бакнежи. И овој глад е најсветото нешто што го имаме, најскапоценото нешто што го имаме. Глад за твоите очи, глад за твојата прегратка,глад за твојата насмевка.

Кога некое лице сака и е сакано, тој престанува да чувствува глад за други работи. Тој веќе стекнал мир во оваа заситеност на душата. Тој не се обидува да стекне моќ и слава, пари и задоволства, бидејќи неговата душа веќе се храни со љубовта, со прифаќањето, што го раѓа чувството на сигурност и мир. Тој е сакан и тој љуби и тоа го исполнува. Исполнет е со другиот, се соединува со другиот и неговото битие е исполнето.

Секој човек гладува. Тој е гладен за Небото и Вечноста, односно за Љубовта. Затоа што љубовта е небесно добро, вечно богатство, Божествен дар.

Кога некој ќе ви каже: „Те сакам!“, запомни дека тој ти вели: „Јас сум гладен за тебе, мојата душа е гладна. Дозволи ми да ги заситам твоите очи, дозволи ми да одморам во твојата насмевка, дозволи ми да се утешам во твојата прегратка. Дозволи  ми да те одморам, дозволи ми да ти се насмевнам, дозволи ми да те утешам. Дозволи ми да бидам задоволен, да го задоволам мојот глад преку тебе. Ова е искуството на исполнетост.

Тоа е искуство од Рајот што прави да чувствувате дека не ви треба ништо друго за да бидете среќни. Љубовта не е Бог, но Бог е љубов. И затоа што кога „си го видел својот брат, си го видел својот Бог“, затоа преку нашиот ближен го исполнуваме овој повик Божји за вечна љубов, за вечно единство, за вечен Рај.


3.angeli.so.truba

Кога сакате, веќе се движите и размислувате поинаку во животот. Сега разбирате дека ништо не може да се спореди со вашата љубов, со ова искуство што му дава живот на вашиот живот, што му дава кислород на вашето дишење, што му дава значење на секој ваш потег и збор.
Љубовта секогаш има лице и име за сите нас. Секој знае за кого е гладен, тој знае кого длабоко сака. Љубовта не е нешто неопределено, туку нешто конкретно. Не можеме да кажеме дека воопшто „сакаме“, ако нашата љубов нема одредена личност како свој извор и цел.

Затоа, секое наше „Те сакам“ се однесува на одредена личност. Со други зборови, нашата љубов има име - име, личност и очи на другиот.

Извор https://www.bogonosci.bg


За Преминпортал – Симеон Стефковски

 9ти октомври 2020 лето Господово

Дуго:

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/duhoven-azbuchnik/23544-arhim-pavel-papadopulos-site-sme-gladni-za-ljubov

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
1 month ago

Отец Александар Мењ: Кредо

Барате да го изложам моето кредо. Иако кредото на секој христијанин и, се разбира, свештеник, веќе е изразено во Символот на верата. Вашето прашање е сосема во ред. Христијанството е неисцрпливо. Уште во апостолско време, среќаваме цел ред на видови христијанство, кои се дополнуваат еден со друг. И...

Image Description
4 weeks ago

Ретроспектива (2005-2020):„ Воздвижение на Чесниот Крст“ (5)

  Со векови на денот на Воздвижението, односно Воздигнувањето на Чесниот Крст, архијереите, стоејќи среде црквата, окружени од мноштвото свештеници, го издигале Крстот високо над главите на соборот на верни, додека хорот во тоа време громогласно пеел „Господи, помилуј!” Тоа бил празникот на хр...

Image Description
4 weeks ago

Ретроспектива (2005-2020): „Силата на Крстот“ (3)

  Силата на КрстотВо 1956 година, Атанасиј Андреевич беше на гости кај моја блиска пријателка во Москва, каде што и јас бев повикана. Еднаш ми се приближи Атанасиј Андреевич, држејќи во раката голем сребрен крст, што се носи на телото, и рече:- Запамтете, овој крст е мој - и ми го стави на врат...