Ава Антониј: Зошто велиме дека Бог се радува на добрите, а се одвратува од лошите?

Example User · 3 years ago

    1 minute, 12 seconds


orthodoxer-moench_resized

Бог е добар, бестрастен и непроменлив. Ако некој мисли дека е разумно и вистинито да се потврди дека Бог не се менува, тогаш можеме да прашаме, зошто во таков случај е можно да се говори за Бога дека Он се радува над оние што се добри и милостив кон оние што Го почитуваат, а се одвратува од лошите и се гневи на грешниците? На ваквите треба да им се одговори, дека Бог ниту се радува, ниту се гневи, зашто радоста и навредата претставуваат страсти; ниту Он добива нешто од оние што Го почитуваат, бидејќи тоа би значело дека Он е смилостивен и подмитен со задоволства.

Не е точно дека Божеството чувствува задоволство или незадоволство заради човечките дела. Он е добар, Он дарува само благослови и никогаш не нанесува штета, останувајќи секогаш ист. Од друга страна, ние сме луѓе доколку останеме добри преку уподобување Нему, соединети со Него, но ако станеме лоши преку несличност на Бога, тогаш сме одвоени од Него. Живеејќи во светост, ние се спријателуваме со Бога; станувајќи порочни, Го правиме Него наш непријател.

Не затоа што Он се разгневува на нас како судија, туку нашите гревови се тие што Го спречуваат Бога да светли внатре во нас и нè изложуваат на демоните што нè мачат. И ако преку молитва и дела на милосрдие ние здобиваме прошка на нашите гревови, тоа не значи дека сме го придобиле Бога и сме Го натерале да се промени, туку ние преку нашите дела и нашето свртување кон Божеството сме се исцелиле од нашата порочност и повторно уживаме во добротата Божја.

Според тоа, да се каже дека Бог се одвратува од порочните е исто како и да се рече дека сонцето се крие од слепите.

свети Антониј Велики

Г.Г.

Source: http://mistagogia.mk/ava-antonij-zosto-velime-deka-bog-se-raduva-na-dobrite-a-se-odvratuva-od-losite/

Related Posts

Image Description
2 years ago

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постела

Исповед на еден прогонител на Христијаните на смртна постелаОд митрополит Нектариј од Арголида…Дозволете ми да завршам со инцидент кој ми беше раскажан во Одеса пред неколку години, кој е исто така објавен во книгата „Во вителот на светот што се менува– новите маченици од Бердјанск“:Одеса 2002. Оф...

Image Description
3 years ago

Ретроспектива (2005-2020): Промоција на книга на доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ

22ри  декември   2020 лето Господово Скопје, 3-јуни 2015 год.- салата „Архиепископ Доситеј“ при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје На 03. јуни 2015 на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ при Универзитетот Свети Кирил и Методиј...

Image Description
3 years ago

Митрополит Николај Месогејски: Трансхуманизам и обожение – I дел

 Морам да признаам дека е голем предизвик да ги искажам своите мисли за нешто што најверојатно е доста непознато за луѓето. Но најпрвин сакам да ви кажам нешто за христијанската вера. Христијанството низ историјата родило многу мудри луѓе и херои, создало бројни духовни вредности, ги поставило...