Беседа за Велики петок – Родион Путјатин, популарен Руски проповедник

Беседа за Велики петок – Родион Путјатин, популарен Руски проповедник

Беседа за Велики петок – Родион Путјатин, популарен Руски проповедник

Молчи устата на Спасителот, не зборува јазикот, ами говори срцето Негово. Чуј што ти порачува срцето на Спасителот:

– Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе! Ти постојано стравуваш за своето спасение. Јас лежам мртов, Јас умрев за твоето спасение. А ти пак мислиш дека твоето спасение е незвозможно. Зарем ќе очајуваш? Да, јас однапред знаев, уште пред да се родиш дека ти ќе се сомневаш и ќе очајуваш за своето спасение. Сите грешници се такви; кога грешат ништо неможе да ги запре; за ништо не мислат, ами само за гревот и дури откако го сториле гревот, настапува стравот и мислат дека се пропаднати засекогаш. Јас ова однапред го знаев. Затоа и умрев, та со својата смрт да те спасам, душата да ти ја успокојам, та да престанеш да очајуваш. Знај, за таквите Јас умрев, за оние што велат: „За нас нема спасение!“

– Грешнику, Јас не би умрел за тебе, кога би знаел дека ти нема да престанеш со твоето очајание. Твоето очајание, верувај, би ги задржало моите страдања и Јас не би се доближил до Својата горчлива чаша. Мислиш дека би умрел? Гледаш ли колку е голама Мојата љубов кон тебе! Тешка, горчлива ми беше чашата на страдањата. Грешнику, ти чу колку болки, колку душевни маки Јас поднесов во Гетсиманската градина. Колку патев! И што ме поттикнало да одам во смрт? Мислата, за тебе грешнику, мојата желба да те спасам. Кога сред болките мислев на тебе, дека само моите страдања и Мојата смрт тебе ти носат спасение, дека без Мојата смрт за тебе нема надеж, – о, да знеш дека драговолно тргнав да страдам, да ја исполнам волјата на небесниот Татко. Гледаш ли колкава е мојата љубов спрема тебе!

Тешко ми беше кога ме судеа. Сите ме обвинуваа, а Јас за тоа не ги кривев; за секоја измислена кривица ме тепаа. Јас молчев. И кога силните удари почнаа да паѓаат, Јас им зборував, тие пак ме тепаа. А кога замолчев, тие ме плукаа, ми се потсмеваа, ме ругаа, грешнику! И најпосле ме распнаа меѓу најголемите грешници, злочинци. Тешко ми беше да висам на крстот, главата ми беше избодена од трновиот венец, рацете и нозете прободени со клинци. Многу патев, а моите блиски, стоеја покрај крстот, не смееја да ми помогнат. Во тој час така ми беше тешко, што морав од длабочината на душата да воздивнам и не  можев, а да не издивнам кон Мојот Татко: – Боже, мој, Боже, мој, зошто си ме оставил?

А што ме гонело да трпам ругање, и маки, и пликање, и удари, и крст и смрт?

Мислата за тебе, грешнику, мојата желба да те спасам од гревови! Ќе пострадам – си мислев – ќе се измачам, се` ќе претрпам, само тој, грешникот да не се мачи. И мојата желба да те спасам толку ми влеа снага, што сред страшните маки посакав пострашни патила и поголеми болки. О, зарем не гледаш колку е голема мојата љубов спрема тебе! Никој не те сака повеќе од Мене; ете, и својата душа ја полагам за тебе. Те сакав пред да се родиш, пред да згрешиш; те сакав кога не мислеше на своето спасение. И зарем да не те спасам сега кога молиш за милост?!

– О, грешнику мој, поради моето страдање не очајувај, заради Мојата љубов; не биди малодушен поради Мојата смрт. Не стравувај, моли се, ќе те спасам, колку и да ти се големи гревовите. Јас ќе те спасам, Јас ќе те оправдам.

Така ете, набожни христијани, светата Црква, загрижена Мајка, подобро ги спомнува Христовите страдања; така ете, срцето на Спасителот ти порачува од гробот, грешнику, да се увериш дека Господ ќе те спаси и ќе те помилува!

Амин!