БИ СЕ ЗАЧУДИЛ ТОЈ ДА ГИ ГЛЕДА СВОИТЕ ГРЕВОВИ, НАМЕСТО АНГЕЛИ (Писма на старецот до духовни чеда)

БИ СЕ ЗАЧУДИЛ ТОЈ ДА ГИ ГЛЕДА СВОИТЕ ГРЕВОВИ, НАМЕСТО АНГЕЛИ (Писма на старецот до духовни чеда)

БИ СЕ ЗАЧУДИЛ ТОЈ ДА ГИ ГЛЕДА СВОИТЕ ГРЕВОВИ, НАМЕСТО АНГЕЛИ (Писма на старецот до духовни чеда)

3. 27 април 1940 г.

Го добив твоето писмо. По Божја милост останав жив, иако спијам на легло од штици, спокоен сум во духот, дури и не мислам на Валаам, исто како и да не сум живеел таму.

Го разбрав твоето писмо, бидејќи тоа е пишувано co чувства и jac ja почувствував силата на зборовите. Валаам мирно го напуштив и неговото бомбардирање спокојно го поднесов. За време на тревогата не бегав да се скријам во скривница, иако ja имавме во црквата, туку седев во својата келија и го читав светото Евангелие.

Од експлозијата на бомбите се тресеше зградата, стаклата на прозорците се разлетаа во парчиња и вратите се отвораа, a jac имав некое внатрешно убедување дека ќе останам жив. Од Валаам моравме да си заминеме брзо, иако многу малку понесов co себе, сепак не жалам, но многу ми е жал што твојата икона и оној родителски благослов останаа да висат на ѕидот. Зедов неколку светоотечки книги и тоа е доволно.

Дури, иако си се ослободила од страстите, сепак имај смирение и не верувај во себе се’ додека не легнеш во гроб. Нашиот труд треба да биде во секоја добродетел, а успехот зависи од Божјата благодат.

Благодатта, пак, Бог не ја дава за трудот, туку за смирението; колку човекот ќе се смири, толку и благодатта го посетува. Те советувам да ги прочиташ Петте беседи за чистотата на срцето од св. Макариј Велики, кои се печатени таму кај вас.

27 јуни 1940 г.

Блажена е твојата состојба, ако се чувствуваш бедна и како дете меѓу духовно образованите луѓе, не завидувај им на таквите и не стреми се кон духовни восхитувања. Мистиците тежнеат кон такви лажни чувства и наместо да достигнат вистинско созерцание, паѓаат во ѓаволска прелест.

Благодатно чувство му дава Господ на човекот, ако неговото срце е очистено од страсти. Такви биле светите отци, а ние грешните треба да се молиме co покајнички чувства и да бараме од Бога помош во борбата co страстите.

Во Отечникот е кажано:

„Ученикот му рекол на старецот: тој и тој гледа ангели. Старецот одговорил: ‘He e чудно што тој гледа ангели, јас би се зачудил на тоа тој да ги види своите гревови”.

Иако оваа поука на старецот е кратка, сепак во духовна смисла е многу длабока, бидејќи најтешко од се’ е да се спознаеш самиот себе. Ми пишуваш:

„Зборовите на молитвата и Господ се соединија и како неразделно co мене е Самиот Господ”. Тука нема грешка. Така треба и да биде.

Да, „задоволството, богатството, родителската љубов и пофалбите од околината” се голема пречка во духовниот живот. Светите Отци од овие поводи за грев многу се плашеле и ги одбегнувале co сите сили, не поради тоа ли одеа во манастири и пустини? Но ти не треба никаде да бегаш, туку труди се да бидеш мудра како змија и незлоблива како гулаб, се останато е — минливо, празно како лажното злато.

Треба да паметиме, дури и да се убедиме самите себе дека, ако не денес, тогаш утре ќе умреме, таму е вечниот живот и време повеќе нема. Господи, помилуј!

Продолжи да се молиш како што се молиш сега. Ако ги имате житијата на светиите, ти советувам да ги читаш, тие многу вдахновуваат и на многу нешта подучуваат.

Co љубов во Христа.

(Од книгата „Писмата на валаамскиот старец“)