БИДИ ЗА НАС СЕ`, ТЕБЕ ДА ТИ ПОСВЕТИМЕ СЕ` СВОЕ   (Псалтир  – преподобен Ефрем Сирин)

БИДИ ЗА НАС СЕ`, ТЕБЕ ДА ТИ ПОСВЕТИМЕ СЕ` СВОЕ (Псалтир – преподобен Ефрем Сирин)

БИДИ ЗА НАС СЕ`, ТЕБЕ ДА ТИ ПОСВЕТИМЕ СЕ` СВОЕ   (Псалтир  – преподобен Ефрем Сирин)

Како зеница во окото сочувај ме, Господе Боже, заштити ме и под крилјата Твои засолни ме од искушенија.

Биди стражар на окото (мое),

за да не гледа – лукаво;

биди стражар на увото мое,

за да не ја забележува – неправдата.

Биди стражар на устата, за да не излезе од неа – клевета, осудување, хула, ниту празен збор.

Биди стражар на срцето мое, за да не се приклонува кон лукавство и да не прави безаконие.

Дарувај ни нам Господе, познание (што да правиме), и принеси ни знаење (како да правиме).

Дарувај Ни нам Господи наш да Ти бидеме попријатни од благоухание.

Дарувај ни Господе наш, да те засакаме Тебе, а да го презреме светот.

Дарувај ни Господе наш, наместо минлив имот, да Те стекнеме Тебе Единствениот.

Дарувај ни Господе наш да Ти принесеме три избрани дарови.

Дарувај ни Господе наш да запалиме пред Тебе три благоухани кадилници.

Дарувај ни Господе наш да ти запалиме три силно распламтени светилки: духот, душата и телото, сите три дарови на Единствената Троица.

Духот да го посветиме на Отецот,

душата да ја посветиме на Синот,

телото да го посветиме на Духот Свет – Духот кој одново го подига од правот.

Оче, освети го за Себе Духот наш!

Сине, освети ја за Себе душата наша!

Духу Свет, освети го за Себе телото наше, од рани изнемоштено.

Дарувај ни Господе наш, да се израдуваме во Тебе и Ти израдувај се со нас во последноиот ден.

Фала нека ти е Тебе од духот, душата и телото!

А нам, – милоста Твоја.

ПСАЛТИР – Преподобен Ефрем Сирин