Благодарствени молитви кон Господ Исус Христос и Мајката Божја!

Благодарствени молитви кон Господ Исус Христос и Мајката Божја!

МОЛИТВА 1-ва

Господи Исусе Христе, Боже наш, Боже на секаква благост и милосрдие, Твојата милост е безгранична, а Твоето човекољубие – неизмерна длабочина. Co страв и трепет, како недостојни слуги, Ти принесуваме благодарност co смирение.

Те славиме, Те фалиме, Те воспеваме и величаме како наш Господ, Владика и Благодетел.

Паѓаме пред Тебе и Ти благодариме за Твоето неизмерно и неискажливо милосрдие.

Смирено Ти се молиме, милосрден Господи, и понатаму да ги исполнуваш нашите молби. Милостив Боже, сочувај ја Твојата света Црква и овој град (село) од секакво зло и дарувај ни мир и спокој.

Удостој не’ секогаш да Ти принесуваме благодарност Тебе, на Твојот Беспочетен Отец, на Пресветиот, Благиот и Животворен Твој Дух – во едно суштество прославуваниот Бог наш, секогаш да ги славиме и воспеваме Твоите добрини кон нас. Слава Тебе, Благодетелу наш, во вечни векови. Амин.

МОЛИТВА 2-ра

Просвети ги очите мои Христе, Боже мој, Koj си ми ја покажал Твојата прекрасна светлина.

Господи мој, Господи, кон годините на мојот живот додај уште години за да можам да се покајам за останатите мои гревови и да го исправам својот живот. Амин.

Слава Тебе, Господи Исусе Христе, Сине Божји, Спасителу мој, Надеж моја, Прибежиште мое, Господи мој, што си ми ја покажал светлината, слава Тебе!