Бог ни се јави – радувајте се! (Отец Гаврил)

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 17 Views

Богојавление!

Ова е непроценлив ден, голем ден за светот и човекот. Богојавление.

На овој ден Бог се (об)јави на паднатотото човештво нудејќи му мир и избавување.

На овој ден сета твар се радуваше затоа што Бог преку водата го обнови паднатиот човек и светот.

Со крштението Господово во раката Јордан се обновува и осветува човекот. Со влегувањето во водите тие се осветија и целата природа со нив.

Со јавувањето на Отецот и слегувањето на Светиот Дух во вид на гулаб се отворија Небесата и ни се објави Светата Троица.

Меѓутоа да не ја забораваме и улогата на Св. Јован, пред кого со покајание си ги исповедале гревовите и се крштевале.

Зашто, нема препородување, нема обновување, нема осветување без наша волја односно соработка со Бог. Тоа е израз на слободата која што ни ја дава Бог и преку која, ако го запазиме нашето срце чисто, ќе ни се даде уште поголема слобода во Царството небсно.

Јован го прашуваше: „Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти при мене ли доаѓаш?“ (Матеј 3, 14). Но Господ Исус, кој дојде да го исправи патот на паднатиот Адам ни покажа како треба, односно, преку смирение да се воздигнеме, не горди да загинеме.

Он немаше потреба, тоа го направи за нас. Он иако Бог, не само што не му сметаше да се понижи и да дојде во обличие на човек, туку и не му беше проблем да застане во редицата заедно со покајниците, да ја наведне Неговата глава и да биде потопен од слугата во водите.

Преку крштението ни се отвараат вратите, а со послушно смирение се вселуваме во Царството Божјо. Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух, Царство кое ни се објави во овој ден и за кое Спасителот наш Исус Христос дојде да биде крстен од Јована во Јордан.