БОГ НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ! (поука)

БОГ НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ! (поука)

БОГ НИКОГАШ НЕ ГРЕШИ! (поука)

Бог никогаш не греши!

Eден крал кој никогаш не верувал во Божјата добрина имал роб кој во сите околности би рекол:

“Кралу мој, немојте да бидете обесхрабрени, бидејќи се што прави Бог е совршено. Тој не прави грешки.“

Еден ден отишол на лов и по патот диво животно го нападналО кралот. Неговиот роб успеал да го убие животното,но не успеал да го сочува кралот да не го изгуби својот прст. Налутен,и без трошка благодарност што беше спасен,кралот прашал:

“Дали е Бог добар? Ако е добар, јас не би бил нападнат и не би го изгубил прстот.“

Робот му одговорил:

“Кралу мој, и покрај се, јас само можам да ви речам дека Бог е добар и Тој знае зошто тоа се случило. Се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши.“

Бесен поради ваквиот одговор, кралот наредил да се уапси робот.

Покасно, кралот отишол на лов, но овојпат сам. Го фатиле дивјаци кои се занимавале со жртвување на луѓе. На олтарот за жртвување виделе дека пленот нема еден прст.

Во склад со нивните обичаи, само цела личност со сите свои делови може да биде понудена на боговите. Кралот без прст се смета за лоша жртва за нивните богови. Поради тоа, го ослободиле кралот.

По враќањето во палатата кралот наредил да се ослободи робот. Го примил радосно и рекол: “Бог навистина беше добар спрема мене! За малку ќе ме убиеја дивјаците, но за среќа што немав еден прст, бев ослободен.

Но имам едно прашање:

Ако Бог е толку добар, зошто дозволи да те ставам во затвор?“

Робот одговорил:

“Кралу мој, да дојдев со тебе на лов, ќе ме жртвуваа мене, бидејќи јас не сум без прст. Запомни, се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши. Ти даде да ме ставиш во затвор за да не би дошол со тебе на лов.“

Често се жалиме во животот на негативните работи кои ни се случуваат, заборавајќи дека ништо не е случајно и дека се си има причина.

Секое утро предај му го својот ден на Бог, немој да бидеш во брзање.

И не се плаши, Бог никогаш не греши!