Богатење во добри намери!

Богатење во добри намери!

Сине мој, пред сè живеј со страв пред Бога и љубов кон Бога, зашто за секој разумен и добар човек, Бог е почеток и крај на секој живот.

На второ место, оформи го својот карактер така, за да биде тој кроток, смирен, воздржан, цврст, пријатен, независен, праведен,мажествен, мудар, тактичен, трудољубив, постојан и целомудрен!

Ете украс и за млади, и за стари: да се обогатат не со имоти, а со добри карактери. Добрите карактери – се твоја сопственост, а имотот – е предмет измамлив, кој преминува од рака во рака, како срцето на блудницата.

На богатството по природа не му припаѓа никаква постојаност – тоа прилега на бурните морски бранови, кои де се дигаат, де паѓаат.

Затоа, сине мој, богати се со добри навики и ти ќе имаш богатство, што не ќе биде растурено од разбојници, кон кое не ќе се насочат поткажувачи, кое не ќе се исцрпи од рацете на душевно притеснетите, кое не ќе може да биде уништено и од оружјето на варварите, а кое, останувајќи во бесплотни жители, безопасно се пази во ризницата на душата, и не ќе биде разорено од стихијна сила на оган, ниту пак ќе го покрие бран во длабоко море.

Св. Григориј Богослов