БОГОРОДИЦЕ, СПАСИ МЕ ОД ЛУКАВИОТ КОЈ МЕ СОПНУВА!

БОГОРОДИЦЕ, СПАСИ МЕ ОД ЛУКАВИОТ КОЈ МЕ СОПНУВА!

БОГОРОДИЦЕ, СПАСИ МЕ ОД ЛУКАВИОТ КОЈ МЕ СОПНУВА!

Заблагодари Ѝ се на најбрзата Застапничка, нашата Господарака Богородица, Пречистата, премилосрдната Дева Марија, Која согласно нашата усрдна молитва нѐ спасува од ѓаволските ранувања и угнетувања.

Погледни кон Неа со очите на срцето во Светиот Дух, секаде присутната и сеисполнувачката; погледај на Неа, навистина присутната во твоето срце и викни кон Неа:

Пребрза Застапничке, Господарке, Богородице Маријо, спаси ме од лукавиот, кој ме сопнува!

И веднаш, во истиот миг, Таа ќе те спаси и според верата и надежта на твоето срце во Неа, така и ќе отстапи тежината од плеќите, огнот и тешката здодевност.

Само треба цврсто да се верува дека Светиот Дух е насекаде, на секое место, дека во Него целото небо ни е блиско, како на дланка, со сите ангели и светии, дека само треба да се повикува Господ или Господарката Богородица со сето срце, со верата која веќе се гледа, со вистинското покајанието за гревовите, со кои нѐ врзува ѓаволот, или самите доброволно се врзуваме. и

И во тој момент спасението ќе засветли!

Свети Јован Кронштатски