Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани

Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани

image

Чествување на Светитот апостол Петар, Заштитник и Патрон на Кочани

На 12. 07. 2017 година на празникот на Светите апостоли Петар и Павле - Петровден, во храмот „Св. вмч Георгиј“ во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија. По светата литургија, со иконата на Светите Апостоли Петар и Павле се изврши литија од храмот Св. вмч. Георгиј до Градскиот Плоштад во Кочани, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев и многуброен православен народ, го благослови и пресече празничниот леб и одража пригодна беседа.

По ова во Мултикултурниот центар во Кочани се одража свечена седница по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани и беше доделена награда за животно дело на фирмата „АнтураМК“ - Кочани и музичката група „ВисТениси“ од Кочани, како и награди на првенци во генерацииите во Основните и Средните Училишта во Кочани и селедуваше културно – уметничка програма по повод Патронот и Заштитникот на Градот Кочани Свети Апостол Петар.