Човекот не се љуби себе си, тогаш не го љуби ни другиот!  (Владета Јеротиќ)

Човекот не се љуби себе си, тогаш не го љуби ни другиот! (Владета Јеротиќ)

Владета Јеротиќ:

„Кога опаднала верата во Бога, човекот почнал да се сомнева во себе.

Што треба да љуби во себе, за да се љуби себе си ?

Некој би рекол, природниот човек се сака себе си, зашто сака да живее.

Кога почнала да опаѓа верата, почнало сомневањето да расте во човекот, спрема самиот себе.

Зашто, кого да љубам – оној кој ме создал. А кој ме создал – Бог.

Ако не ме создал Бог, тогаш треба да го љубам човеколикиот мајмун.

Нагонот за самоодржување не е доволен, Човекот не е само природно битие, туку и творечко итн.

Човекот е конструктивно и деструктивно битие.

Доколку не градиш во себе нешто конструктивно (убаво, добро, креативно), тогаш се свртуваш на кај деструкција.

Нема себељубие без човекољубие, а човекољубие нема без Богољубие.

Пак вертикала и хоризонтала на крстот: ако го нема Бог, кого да љубам, што да љубам во себе, што кај другиот да љубам?

Човекот не се љуби себе си, тогаш не го љуби ни другиот.

За да можеме да се се љубиме себе си и другиот, треба да се појде од Бога, Кој нас не создаде.

Себичниот човек не се сака себе си. Тој оди против себе.

Тоа е најголемиот парадокс!…“

Превод Мина Даниловска