ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

ЧОВЕКОУГОДУВАЊЕ

• Правилната љубов кон ближниот се состои во исполнување на евангелските заповеди во однос на него, а никако во исполнување на барањата на ближниот, ниту во дејствување според нагоните на паднатото срце, според сфаќањата на лажно наречениот разум.

Исполнувањето на евангелските заповеди во однос на луѓето, ним обично им е неприфатливо и не им годи: тие бараат да се исполнува нивната волја, да им се удоволува на нивните страсти.

Тие тоа го нарекуваат љубов и таа љубов, исполнета co лицемерие, лукавство и измама, синовите на светот им ja принесуваат на оние, кои им се потребни за нивното земно, телесно напредување.

Таа неправилна љубов, тоа изопачување на љубовта, таа омраза, прикриена co маската на љубов, Светото Писмо ја нарекува човекоугодување.

Co човекоугодувањето се уништува не само љубовта кон Бог, туку, дури и сеќавањето на Бог. “Ако би сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга” (Гал. 1,10)

• Синовите на светот, болни од самољубие и потчинети на таа страст, љубовта кон ближниот ја изразуваат на тој начин, што без размислување ја исполнуваат секоја негова желба.

Учениците на Евангелието љубовта кон ближниот ја изразуваат преку исполнување на сесветите заповеди на својот Господ во однос на ближниот.

Удоволувањето на човечките желби и барања тие го сметаат за душепогубно човекоугодување и се плашат од него, колку што се плашат и бегаат од самољубието. Самољубието е изопачена љубов кон себеси; човекоугодувањето е изопачување на љубовта во однос на ближниот.

Самољубивиот човек се погубува себеси, а човекоугодникот се погубува и себеси и ближниот.

Самољубието е тажна самоизмама; човекоугодувањето е уште полошо, бидејќи и ближниот го прави учесник во таа самоизмама.

Пренесено  Свети Игнатиј Брјанчанинов