Чудо во манастир во Сирија

Чудо во манастир во Сирија

Чудо во женски манастир во Сајднаја, Сирија

Агенцијата  (Меѓународна православна служба за Христијански Новости) соопштува за чудото на Пресвета Богородица во еден од манастирите во Сајднаја.

Случката ја раскажала една сириска христијанка, која неодамна била во посета на оваа обител.

Чудото се случило минатиот месец, кога група терирости го затрупала со ракети еден од тамошните манастири. Монахињите во манастирот на Прасвета Богородица чуле страшна бучава и почувствувале силни вибрации од ракетниот фрлач.

Биле убедени дека некоја ракета ќе ги убие и ќе го уништи манастирскиот комплекс. Меѓутоа, бидејќи ништо од тоа не се случило, се заинтересирале за „судбината“ на ракетите.

Неколку дена подоцна манастирот го посетил еден од воените генерали на сиријската војска, за да им пренесе честитки за Божик и Нова Година. Во текот на разговорот, офицерот поставил прашање дали манастирот во последно време доживеал некаква необична случка, на што монахињите му раскажале за ракетите кои бунтовниците ги фрлиле на манастирот, а кои не им предизвикале никаква штета.

Офицерот бил крајно изненаден кога чул за овој инцидент, а потоа изјавил дека, иако не го видел самото лансирање на ракетите насочени кон манастирот, сепак со другите луѓе видел нешто сосема чудно и необично.

Ракетата речиси стигнала до манастирот, кога одненадеж од манастирот се појавила жена облечена во син одар и, земајќи ја ракетата во раце, ја фрлила настрана. Сите кои го виделе тоа, останале зачудени.

Генералот се заинтересирал која би можела да биде таа жена облечена во сино, околу која се шири небична благодат.

На крајот сфатил дека не може да биде никој друг, туку самата Пресвета ДеваБогородица – Мајката на Господ Бог и Спасителот наш, Исус Христос.

Извор: ЧУДО У ЖЕНСКОМ МАНАСТИРУ У САЈДНАЈУ