Да бидеме сите како праведниот Јосиф…!

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 17 Views

Кога требало да се роди Христос, светот не го примил и се родил  отфрлен од светот, во пештера.

И откако се родил, морал да бега за да не биде убиен од Ирод, односно од светот.

Што значи, светот, кој во зло лежи, затемнет и заробен од ропството на гревот и страстите.

Ја отфрлиле Вистината и сакале дури да ја убијат.

Оној кој во лага живее, во занесот на страстите, било која и да е од трите групи на страсти, сластољубие, среброљубие или славољубие, на него не му одговара вистината.

Затоа што вистината ќе го промени и преобрази и тој нема да биде крал во „своето царство” и тој се противи, измислува лаги и оправданија.

Меѓутоа, за нас, Христијаните, вистината е на прво место. Затоа што Христос е Вистината, Он е светлината во светот и Он е патот, вистината и животот.

И надвор од Него е беспатието, лагата и смртта. Затоа и треба да се бориме за неа и да бидеме непоколебливи во таа борба.

Секогаш да се држиме до Христос и да не враќаме зло за зло, да не се гневиме, па дури и да не помислуваме ништо лошо, дури и на оние кои ни прават лошо.

Да не бидеме како оној Ирод кој сакал да го убие Христос.

Не треба ниту да му служиме на светот, затоа што со тоа и ние постануваме прогонители на Христос.

Да бидеме како праведниот Јосиф, кој отфрлен и прогонуван од светот, по цена на својот живот, не се откажал од Него, туку пожртвувано го зел, заштитувал, го чувал Господ Исус Христос.

Отец  Гаврил Галев