ЕПИСКОП НА СРЦЕТО Свети Јован Лествичник

Едно нешто е постојано да бдееш над срцето, а друго да бидеш епископ на срцето со посредство на умот кој како началник и архиереј Му принесува словесна жртва на Христа.

Влегувајќи во душата на првите, светиот и небесен оган, како што вели еден од оние што го добија името Богослов, ја спалува сета нечистотија што заостанала во неа;

а вторите пак, ги просветлува сразмерно на постигнатото совршенство.

Истиот оган се нарекува и ’оган кој спалува’ (5 Мој. four, 24) и ’светлина што просветлува’ (Јован 1, 9).

Затоа некои заминуваат од молитва како да излегуваат од вжарена печка, чувствувајќи олеснување од некоја нечистотија и вештество, а други пак, како озарени од светлина и облечени во двојна облека на смирение и радост.

Оние што излегуваат од молитвата без макар едното од овие две дејства, се молеле всушност телесно, да не речам фарисејски, а никако духовно.

Телото што стапува во допир со друго тело го трпи неговото влијание и се менува.

Како тогаш да не се измени оној којшто со непорочни раце се допира до Телото Божјо?!

Повеќе ...