Да молиме да ни дојдат солзи пред молитвата…!

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 10 Views

Икона од 11 век

Поплавата на Божјата љубов ја исполнува душата co радост и веселие

Да Го возљубиме Христос, и тогаш од нас co копнеж, топлина и co божествена љубов ќе излегува Христовото име и ќе Го повикуваме Неговото име таинствено, без зборови.

Да стоиме пред Бога co копнеж, смирено, и да одиме по Неговите траги.

Христос да нè ослободи од секој детаљ на нашиот стар човек.

Да молиме да ни дојдат солзи пред молитвата. Но внимание! „Да не знае вашата лева рака што прави десната”.

Молете се скрушено:

„Христе мој, дали сум јас достоен да ми дадеш таква благодат?”

И тогаш тие солзи стануваат солзи од благодарност. Трогнат сум; не ја извршував Божјата волја, но ја барам Неговата милост.

Молете My ce на Бога co радост, копнеж и љубов, во тишина, co кротост, меко, без силување.

Кога ја кажувате молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме”, кажувајте ја полека, смирено, благо, co божествена љубов.

Co сладост изговарајте го Христовото име.

Зборовите кажувајте ги еден по еден, „Господи… Исусе… Христе… помилуј ме”, благо, нежно, љубовно, молчаливо, таинствено, умствено, но и co издигање кон Бога; co копнеж, co љубов, без притисок, без присила или недолично нагласување, без стегање и грч.

Како се изразува мајката, која го љуби своето дете?

„Детенце мое… ќеркичке моја… . Co копнеж и радост! Во тоа се состои целата тајна. Тука зборува срцето.

&

Она што го имаш во твоето срце и во твојот ум, го изразуваш „од сето твое срце и од сета твоја душа и co сета твоја сила и co сиот свој разум.”

Понекогаш е добро гласно да ја кажувате молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме”, за да слушаат и сетилата, да слуша и увото! Ние сме и душа и тело, и има заемно влијание помеѓу нив.

Меѓутоа, кога ќе се вљубиш во Христос, тогаш ги претпочиташ молчењето и умствената молитва. Тогаш запираат зборовите.

Внатрешното молчење и тихување е она што и’ претходи, ја придружува и следи по Божјата посета, односно божественото соединување на душата co Бога.

Кога ќе се најдеш во таа состојба, не се потребни зборови. Тоа е нешто што го живееш, и нешто што не се објаснува. Само оној кој ја живее таа состојба, може да ја разбере.

Чувството на љубов те преплавува, те соединува co Христос. Се исполнуваш co радост и веселие, а тоа покажува дека во себе ја имаш Божјата љубов, совршената љубов.

Божјата љубов е несебична, едноставна, вистинска.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”

Превод од грчки јазик: јеромонах Атанасиј Арсоски

Подготви Мина Даниловска