ДА СЕ БИДЕ ХРИСТИЈАНКА ! (Поуки до современата жена)

ДА СЕ БИДЕ ХРИСТИЈАНКА ! (Поуки до современата жена)

ДА СЕ БИДЕ ХРИСТИЈАНКА ! (Поуки до современата жена)

ДА СЕ БИДЕ ХРИСТИЈАНКА (За женското сужење)

Схиархимандрит Илија Ноздрин

– Баќушка Илија, често зборувате дека машкиот ментален склоп, кога разумот доминира над чувствата, е најдобар за спасение.

Но, жените мироносици воопшто не размислувале за тоа кога пошле со Господа. Зошто е тоа така?

– Да, жените во својата љубов кон Господ, можат да бидат и мажествени. „Во љубовта нема страв, туку совршената љубов го истерува стравот надвор“ (1.Јн. 4,18).

И во ХХ век во текот на гонењата во нашата земја, жените често настапувале храбро, бранејќи ги светињите. И сега многу од послушанијата во Црквата ги извршуваат жените. За тоа има многу причини.

Земјата има претрпено многу војни. А во војните секогаш гинат  најдобрите. Претежно мажите гинеле. Колкумина само имаат загинато во ХХ век, во Големата војна во татковината (Втората светска војна на Источниот фронт), и не само овде, туку во последниве години и во Авганистан, Чеченија… Денес многумина умираат од наркоманија, алкохолизам.

Во поголем број од тие несреќи страдаат мажите.

Сепак, жените во таа смисла се воздржани, внимателни во односот кон животот. Тие се морални, со оглед на тоа дека се повикани да ги воспитуваат новите поколенија.

Денес има многу жени кои страдаат поради машките неверства. А оние кои се немажени – страдаат поради својата лековерност. Од една страна, таа се труди да биде женствена, да не противречи.

Меѓутоа, од друга страна, кога нема цврсто семејство во кое глава е мажот, во таа околност некој може да биде искористен, да постапи расипано. Секој му суди на другиот по мерка на својата расипаност. А денес опшеството во голема мера е развратно – расипано.

Жената, доколку живее без Бог, во својот живот нема никаква стабилност.

– Каква поука можете да ѝ дадете на современата жена?

– Да биде цврста во верата. Да има страв Божји. Да живее морално. Да биде христијанка.

– Кон што денес се повикани христијанките и дали на духовно ниво воопшто постои разлика помеѓу повиканоста на жените и мажите?

– Еден е законот, едно е Евангелието. Една вера, едно Крштение, Еден е нашиот Господ Исус Христос, Кој „вчера и денес и во векови е ист“ (Евр. 13,8). Ние луѓето имаме многу сличности.

Но, сепак, секој останува индивидуа.

Се разликуваме едни од други, а не само мажи од жени. Господ ги гледа  квалитетите на секој човек. Затоа и секој има своја повиканост.

Господ сѐ има уредено за доброто на човекот. Во Библијата е напишано:

…и волјата твоја ќе стои под власта на твојот маж, и тој ќе ти биде господар“ (1.Мојс. 3,16).

Бог Самиот ги создал мажите и жените различни, за да се сакаат еден со друг. Семејството да биде цврсто.

Жените, на пример се емотивни. Сакаат да се занимаваат со децата.

Добро подготвуваат разни работи. Се случува понекогаш и мажите да бидат одлични готвачи.

Но, сепак, често се случува во кујната подобро да се снаоѓа жената. Тие умеат да печат колачи. Ајде, натерајте ме мене да правам колачи. Не  нам. Супа, може ќе направам. Колач – нема да ми успее.

– Господ го прифатил служењето на Марта, но сепак ѝ благоволил на Марија: „…но Марија го избра добриот дел, кој нема да ѝ се одземе“ (Лк. 10, 42).

Дали во монаштвото полот има значење?

– Како и во светот, така и во манастирот жената си останува жена. Таа со своето присуство го доведува во ред материјалниот свет.

Да ги земеме за пример ќелиите на еден монах и монахиња. Нормално, може да биде и спротивно, но пред сѐ, ред може да се види повеќе во  келијата на монахињата, отколку кај монахот. Жените имаат развиено многу добро чувство за уредување на просторот.

Тие секогаш ќе забележат што не чини во собата, што треба да се  поправи, каде да се исчисти. А монахињите, затоа што немаат деца, своите грижи ги насочуваат во служење на ближните.

Ги пречекуваат  поклониците, помагаат една на друга. Се молат за сѐ. Сега во некој од манастирите постојат и домови за згрижување на деца. Господ прима  докази на  љубовта во сите облици.

Најважна е љубовта кон Бога. Кога љубовта е присутна, ближните тоа го чувствуваат на себе. Монахињите, со оглед на тоа што се откажале од создавање на семејство, тие несебично Му служат на Бог и луѓето.

– Исак Сириски го поучувал искушеникот: со парохјанинот можеш да разговараш со спуштен поглед, а со монахињите немој да разговараш.

Поради што?

– За да не ги искушува. Тогаш луѓето биле потполно чисти.

Денес личноста доаѓа во манастир веќе потопена во грижи со сите свои соблазни. Знае од што треба да се чува. А тогаш душите не биле нечисти.

– Баќушка Илија, ако се уподобиме во Евангелието, ќе видиме дека Христос различно разговара со жените и мажите, значи и начинот на кој можеме да Му угодиме на Бог е различен?

– Мажите ги повикуваше Господ: „…дојдете по Мене земајќи го својот крст“ (Мк. 10, 21), но на Голготата, не сметајќи го апостолот Јован Богослов, дошле само жени.

Мироносиците не се исплашиле да се приближат кон Господовиот Гроб, да го благовестат Неговото Воскресение. Ќе речам дека денес жените се  гоголеми мисионерки и  повеќе проповедаат од мажите.

– Во Евангелието не се спомнува за ниту една жена којашто во својот дом не Го примила Христос, додека во истовреме има многу примери од  мажите кои не го примиле.

И денес е така?

Мажите сакаат да нагласуваат дека христијанството е машка религија, но, при тоа, во храмовите има повеќе жени…

– …Но, богослужбите сепак ги извршуваат мажи. Господ е присутен насекаде. И Судот Божји не е ист како судот човечки. Во овој свет многу работи зависат од мажите, и тие, понекогаш од премногу самодоверба, забораваат на Бога.

Жените повеќе се предаваат на Бога отколку на сопствениот разум и сила. Затоа во храмовите има повеќе жени. Може, во идните времиња, Господ поголема предност ќе им даде на жените.

Секој ќе застане пред Судот Божји и ќе даде одговор за она што го направил, или не го направил. И не само на физички, материјален план, туку пред сѐ, на духовен. Каде ти е срцето? На кого или за што си го дал?

Најјасно гледаме на примерот од Евангелието, каде Господ го посети домот на Симон Лепрозниот, каде грешницата пристапила и со солзи ги измила нозете на Спасителот (Лк. 7,37–38). Од човечки аспект, сите ја критикувале, а Господ ја прифатил, и не ја осудил како домаќинот Симон.

Христос секогаш гледа во срцето на човекот и доколку во него види љубов кон Створителот и покајание, тогаш и гревовите ги покрива.

– Како денес да создадеме семејство?

– Семејството е избор на двајца. При создавањето на мала црква, не треба, во надворешен облик, да се раководите по стра стите на другиот, туку по спасението на душите.

Од самиот почеток идните сопружници треба да имаат правилен христијански пристап – да раѓаат деца, да ги воспитуваат, да живеат во заедница и слога, да бидат верни. Секој има своја слабост, но поседува и посилна страна на својата личност.

За односот на сопружниците да биде хармоничен, неопходно е  снисходење, воедно и почитување еден кон друг.

А најважно е, насекаде да има присутна љубов. За цврст семеен сојуз
треба да се оди по царскиот, среден пат, а тоа често бара компромиси.

Кај сопружниците, а потоа и во цело семејство мора да биде присутно молитвеното расположение, учеството во Светите Таинства, причестувањето.

Сето ова нив ги обединува во Едно Тело Христово.

Заедничкото молитвено правило им дава поттик за снисходење – кога заедно во вечерните молитви ги исповедаме пред Господ своите слабости и Го молиме Него за семоќна помош.

Во заедничката  молитва се раѓа сознание дека секој човек е единствен, и дека не смее да бара од другиот она што тој самиот го нема.

Ако мажот и жената се молат наутро и навечер, тие во текот на денот се со Бога, ако во неделите се причестуваат (според благословот), сфаќаат дека во животот најважен им е Христос и дека Он управува со нив.

Тогаш  луѓето стануваат смирени, не изнесуваат еден пред друг желби, ги трпат сите недостатоци меѓу себе и Господ го покрива нивното трпение  простувајќи им ги гревовите. Единствено трпението е основа за цврсто семејство.

Денес жените работат, и ако една жена си дојде од работа уморна и не

стигнала ништо да заврши, зарем не треба мажот да ѝ помогне?

Исто и децата – мали, но нека помагаат.

Исто и жената не смее да бара  од мажот она што не е во негова можност. Потребно е трпение и молитвата кон Бога ќе се вознесе кон Него.

Важно е да не се плашат од раѓањето деца. Ако Господ даде деца, Он самиот ќе уреди сѐ како што треба. Неодамна ми дојде еден човек, крупен, со длабок глас.

Раскажуваше за себе. Голем производител, кој во работата исклучуво напредува. Тогаш застана и додаде:

„Јас сум шеснаесетти!“ Ми се причини како да не слушнав добро и го препрашав:

„Што, што?“ – повторно го препрашав. Ми потврди оти тој е шеснаесетто дете во семејството. Господ го благословил тој род, секој од нив има многу или неколку деца.

Интервју: Олга Орлова

Превод: Маја Цаневска

Од списанието на „Православна Светлина“