„Да се има повеќе,” лежи во срцевината на современата цивилизација…! (Стивен Фриман)

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 8 Views

Стивен Фриман

ДА СЕ ИМА ПОВЕЌЕ – ПЛЕОНЕКСИЈА

Зависностите се чудна работа. Имам пријател кој вели дека проблемот со алкрхолот е во тоа што „едноставно нема доволно алкохол”. Оние кои не се алкохоличари честопати не разбираат.

Еднаш слушнав како некој му вели на зависник: „Кога си одлучил да појдеш no тој пат…”

Всушност, кога станува збор за зависност, нема одлука. Самата болест на зависноста е она што одлучува. Личноста која е опфатена од зависност честопати беспомошно посматра како оди кон уште една и уште една рунда алкохол, гледајќи дека се оди во правец чиј тек таа е немоќна да го смени.

Најнапред човекот зема да испие пијалак.

Потоа пијалакот зема друг пијалак.

Потоа пијалакот го зема човекот.

Е сега, тоа лесно се опишува кога станува збор за алкохол и дроги. Ho, jаc верувам дека ние сме култура на зависници. Оние кои се зависни од дроги и алкохол напросто имаат повеќе среќа појасно да ja видат својата зависност.

Кога станува збор за листата на гревови кои се споменуваат во Светото Писмо, „пијанството” има почесно место.

Но постои една подлабока зависност, далеку попродорна, а која игра поголема улога како во Писмото, така и во нашите животи. Тоа е алчноста (англиски – greed).

Овој мал англиски збор изгледа прилично чудно. Небаре му припаѓа на некој роман од Дикенс. И навистина тој збор е до толку оттргнат од нашиот оперативен морален речник, што е можно (без вцрвување) да се прогласи дека „алчноста е добра”.

Грчкиот јазик, пак, има еден многу побогат термин: плеонексија, што во превод значи „желба да се има повеќе”. Дефиниција која упатува на проблем кој е навистина далеку поголем и далеку попродорен.

Желбата да „да се има повеќе” лежи во срцевината на современата цивилизација. Богатството и просперитетот во сè поголеми мери се сметаат за нешта кои треба да се посакуваат.

Нашите економии често ги измеруваме според нивниот раст, а не според било каква мерка за благосостојба. Алчноста за нас значи само да се сака премногу, но никако да го ставиме под знак прашање и самото посакување.

Јас немам предвид некаква си економска теорија, освен во односите кои можат да бидат наречени ,духовноста” на културата. Доколку постои некаква духовност на потрошувачката (конзумеризам), тој најточно може да се опише како плеонексија, т.е. алчност. Тоа е она што ги води потрошувачите.

Жално е дека доколку алчноста утре ја снема, светов како што го знаеме ќе се струполи. Немаме никаква внатрешна контрола над алчноста, освен лимитите на нашите кредитни карти.

Co цел нашата желба да имаме да биде што е можно повеке одржана на нејзиното потребно ниво, самите треба да веруваме во неа и да се согласиме да учествуваме во неа.

Е, тука на преден план доаѓа зависта. He само што посакуваме да имаме повеќе, туку честопати се наоѓаме себеси немоќни да посакуваме помалку.

„Каење на купувачот” не е никаква измислица, туку е муштериска верзија на мамурлак. Кога желбата да имаме повеќе би била ограничена на материјални добра, тогаш, тоа, можеби, би било само досадна работа.

Меѓутоа, болеста на плеонексијата е духовна и го заразува сиот наш живот.

Плеонексијата не е болест која може да биде изолирана на една единствена област од нашите животи. Имено, ние сакаме повеќе од сè: поголем посед на нешта, повеќе секс, повеќе храна, повеќе забава, и така ad infinitum.

Bo Божјото Царство, само-истоштението е принципот на вистинското постоење (види Фил 2, 5-11).

Така, се затекнуваме маѓепсани од еден духовен принцип co најголема иронија: копнееме сè повеќе и повеќе, а тоа нè носи сè подалеку и подалеку од нашето вистинско битие. Колку повеќе добиваме, толку помалку постоиме.

„Од каква полза му е на човека ако го придобие сиот свет, a на душата своја и’ напакости?”

Оваа Христова мисла катадневно бива остварена во текот на нашите животи. Од никаква вредност не ни е фактот дека великиот писател Александар Солжењицин ја обнови својата вера токму кога беше затворен во Гулаг.

Чудно, но празнотијата на тоа мрачно постоење за него стана богатство. Кога бил за прв пат пуштен во надворешен егзил, тој си нашол мала колипка за да живее во неа.

Немал пари да ja опреми. Нашол неколку дрвени кутии кои му служеле како кревет. Подоцна, кога неговата општествена состојба се променила, па добил стан, си ги зел co себе кутиите за да продолжат да му бидат кревет. Се плашел да не појде на патот на плеонексија и ја ценел духовната слобода кoja ja пронашол во сиромаштијата.

Православниот начин на живот целенасочно ни бара да се откажеме од духот на Мамона. Постиме, даваме милостина – и тоа го правиме како начин на живот.

Едноставно не сме создадени за придобивање богатство и предмети.

Нашиот живот е на Крстот. Крстот е воедно и местото на кое Христос го оствари нашето спасение, но е и самото наше спасение. Toa е мудроста и моќта на Бога. Мудроста на Крстот е Христовото само-истоштение.

Само-истоштението не е против животот, туку е вистинскиот начин на вистинското живеење. „Секој кој ќе го изгуби својот живот заради Мене, ќе го најде” (Мт 16,25).

Многумина се исклучително загрижени за начинот на кој функционира државната економија (напросто напишете некаква економска мисла на Фејсбук и гледајте го сообраќајот околу неа).

Најголем дел од нашите мисли биваат генерирани од истите потрошувачко/политичко/информациони конгломерати кои впрочем и нè притискаат кон потрошувачка. Сега за сега, христијаните можат да се задоволат co тоа дека нивното отфрлање на конзумеризмот нема да ја подзапре економијата.

Но, ако не се одлачиме од многу различните облици на плеонексија, тогаш целата наша душа ќе падне во опасност.

Кога размислуваме за духовноста на плеонексијата, добро е да ја испитаме целосноста на нашите животи. Нашата желба да имаме што повеќе ги оттргнува нашите ближни од нас или ги става на позиција на завидливи противници. Тие ми попречуваат во моето време, моите планови, моите интереси, моите задоволства итн.

Поради Христа, загуби го својот живот.

Та, зошто би сакал да продолжиш да го освоиш светот?

Подготви Мина Даниловска

Пренесено од “Православен пат” списание на Скопската епархија, број 44 2019, стр. 58-60