Дарот на стареењето – Сергеј Худиев

Дарот на стареењето – Сергеј Худиев

Вечна трагична приказна: маж на околу четириесет години ја напушта својата остарена жена заради млада девојка и ја остава во огромна мака и самотија. Тоа се случува со познатите личности, а булеварните изданија жедни за сензација тоа го тиражираат. Понекогаш тоа се случува и со обичните луѓе, за кои не се пишува по весниците, но кое го дознавате на интернет или од пријатели. Тоа потполно може да биде, како со световни, така и со црковни луѓе. Во центарот на скандалот може да биде, на пример, доста познат режисер, кој во своите филмови создавал образи кои зрачеле со вера и верност и христијаните го фалеле за тоа. Или професор од христијански универзитет. Тоа може да се случи и со ваш добар пријател. Во сите околности, ситуацијата изгледа подеднакво.

Речено е во писмото: „Вие, пак, велите – зошто? Поради тоа што Господ беше сведок меѓу тебе и жената од твојата младост, спрема која постапи вероломно, и ако ти е таа твоја помошничка и твоја законска жена“. (Мал. 2, 14)

Зошто луѓето (дури и оние од христијанските средини) постапуваат така? Една таква напуштена жена рече: „Тој имаше четириесет години, а сакаше да има дваесет и пет“. Со тек на време, доаѓа момент, во кој што откриваме дека се менуваме. Исчезнува физичката привлечност, здравјето, и ние разбираме, дека повеќе никогаш нема да бидеме на дваесет и пет години. Старееме и умираме, како сите останати луѓе.

Мажот погледнува кон жена си и гледа, дека таа повеќе не изгледа како девојка од корица на модно списание, и тоа го потсетува, дека и тој не е убав младич од рекламите. И тогаш, змијата му внушува тага и ужас од тој потполно природен и нормален факт. И тоа го тера да бара некаква утеха во таа самоизмама. „Не, јас немам четириесет, сеуште сум на дваесет и пет, и до мене треба да има млада девојка“.

Кога го градиме животот врз погрешно основи и, ако претпоставиме, дека бил раководен од лажни вредности, ние сме осудени на несреќа – времена и вечна. Има пат кон спасението, пат кон верата, послушанието, молитвата и верата во Бога, кои нè подготвуваат за вечната, неизменлива, вистинска среќа. И дел од тој пат е и процесот на стареење, духовно растење, придобивање на мудрост, вистинска, длабока и зрела врска со нашите блиски. Како што е речено, уште во зората на христијанството, има два патишта – „Патот кон животот и патот кон смртта – и огромна е разликата меѓу нив“.

Патот кон смртта – е обидот да ја најдеш среќата онаму, каде што не нè очекува ништо друго, освен времена и вечна несреќа. Патот кон животот – е патот кон верата и послушание кон Божјите заповеди. Ние одлучуваме да се потчиниме на Бога и свесно ја бараме Неговата помош, за да се исправиме пред лицето на искушението. Тогаш ние сме со светлината, и со тивка радост и надеж го примаме дарот на стареењето.
Otac-Tadej

&

Извор: http://pravoslaven-sviat.org/2017/10/19/dara-na-stareeneto/