Даровите на благодатта?!

Даровите на благодатта?!

ЗА БЛАГОДАТТА

„Иако благодатта е една, таа живее во своите садови, осветените души, на различни начини и дава „секому според дарот“.

На еден му дава премудрост, на друг поведение и дар да богослови, на трет дар за пророштва, на четвртиот дар да исцелува, на петтиот дар да служи;

секому според потребите, заради устројување на црковната полнота.

И денес, а не само во она време, продолжува и делува ветувањето на нашиот Господ, дека никогаш нема да нѐ остави сами.

Тие состојби, кои се своевидна форма на духовниот напредок на оние кои внимателно ја чуваат совеста, се бескрајни; но и тие кои ги доживуваат, не можат да ги контролираат истите, „за преголемата сила да Му биде припишана на Бога, а не нам.“

На некои, кога е целисходно, преку Божјата благодат им се даваат виденија. И сепак, оној кој поминува низ таа состојба, не може да ја контролира: кога, како и колку.

Тоа обично се случува благодарение на молитвата, но не тогаш кога тоа го сака оној кој се моли.

Човекот никогаш не може асолутно да го контролира дејството на благодатта, бидејќи постојат одредени граници кои се поставени со Божја промисла и кои се речиси непроменливи.

„ Ние имаме право да молиме, но не и да наредуваме.

Спасението на човековата душа е Божја волја.“

Старец Јосиф Ватопедски