Дедо Наум – Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог!

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 43 seconds


Неколку едноставни забелешки (07.02.2021 16:51)

Гордиот разум не може да се потпре на довербата во Бог, на смирението и на послушанието кон духовниот отец, т.е. не сака да расте, зрее и осознава во Бог и преку Бог, туку самиот од себе и преку себе, и затоа му се потребни нови и многу информации, како и знаења, на коишто единствено се потпира.

Но, точните информации за повеќе важни прашања, кои му се потребни за размислување и одлука, најчесто му се недостапни.

Така, многупати, гордиот разум се наоѓа во јазот на невосогласеноста помеѓу тежината и сложеноста на темата со која се занимава и достапот до релевантни информации за истата.

Постои објективна и субјективна недостапност на информации.

Едно е до информацијата да доаѓаш посредно, а друго е непосредно, а трето е ти да си извор на информацијата од личен опит.

Личниот опит може да биде од позиција на корисник и од позиција на производител на она за коешто се информираш.

Често и личниот опит бара доста време за проверка на информацијата. Недостатокот на време за проверка на информацијата ја става истата под сомнеж.

Луѓето немаат ни алатка за проверка на вистинитоста на информациите, т.е. немаат просветленост на умот, со дарот на умно-срдечната молитва.

Нив вообичаено ги привлекуваат информации што ја одразуваат нивната внатрешност.
Религиозниот социопат се храни со ширење на лоши информации, со кои ги плаши религиозните невротичари, како и пасивните религиозни социопати, а истовремено го привлекува нивното внимание на себе.

После само овие забележани недостатоци во процесот на информирање, секој малку нормален си го поставува прашањето:

Добро, од каде таа самоувереност кај некои луѓе при јавното презентирање на своите мислења, после еден фаличен процес на информирање?

Таква самоувереност само социопати манифестираат.

Човекот е и медиум, т.е. средство за пренос на информациите. Колку поизвалкано срце и колку позатемнет ум човек има, толку е полош квалитетот и понеточни се информациите.

Затоа е вака хистерично во јавниот живот.

Лошо е преоптеретувањето со непотребни информации, а превидувањето на потребните.

Луѓето се затвораат за информациите кои произлегуваат од заедницата и односот со Бог, кои произлегуваат од сострадалноста кон ближните, како и од грижата кон природата, а се отвораат кон оние кои им ги хранат страстите.

Кај некои луѓе, нешто многу не е во ред.

Пресвета Богородице, спаси нас!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/02/07/30631/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021 16:51) „А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на...

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

     Свадбена облека (25.09.2021 15:59)Свадбата за која ни говори денешното евангелие (Матеј 22, 2–14) е Царството Небесно, чиј предвкус е даруван во Црквата Христова за оние што ќе ја прифатат поканата, за оние што се подготвени, за оние што имаат свадбена облека; не за оние шт...

Image Description
3 years ago

Како да ја препознаеме Божјата волја…(Митрополит Наум)

ГНОМИ, т.е. МИСЛЕЊЕ Синот Божји, при воплотувањето – од Светиот Дух и Дева Марија, во Себе ја земал целата човечка природа; земал тело, разумна и умна душа, како и нивните својства… Сè земал освен гревот, поточно, подложноста на грев. Во Богочовекот Христос нема гноми, т.е. мислење. Божествената И...