Делегација од Австралиско – сиднејската епархија присуствуваше на премиерата на духовниот концерт „Цела ноќ бдение“

Делегација од Австралиско – сиднејската епархија присуствуваше на премиерата на духовниот концерт „Цела ноќ бдение“

Делегација од Австралиско – сиднејската епархија присуствуваше на премиерата на духовниот концерт „Цела ноќ бдение“

Во Австралиско – новозеландската епархија на Руската Задгранична православна црква, со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот г. Иларион, Прв ерарх на Руската Задгранична Црква, Митрополит на Њујорк и Источна Америка и Архиепископ Австралиско – сиднејски, како и со благослов на Неговото Преосвештенство  Епископ г. Ѓорѓи на Канбера и викарен епископ на Австралиско – новозеландската епархија, на 12 ноември 2017 година во Мелбурн, се одржа долгоочекуваната премиера на хорската изведба „Сите ноќни бденија“ на Сергеј Рахманинов.

На концертот, кој беше во организација на г. Николај Ковал (Коваленко) и на г. Ананија Ананиевски (член на Епархискиот просветен совет на Австралиско – новозеландската епархија на РПЦ), свое присуство зедоа повеќе од 250 гости, кои дојдоа да го слушнат изведувањето на духовните дела на познатите руски композитури.

Меѓу поканетите гости, на концертот присуствуваше и делагација од Австралиско – сиднејската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, предводена од Неговото Високопреподобие, Архимандритот Гаврил (Галев) во придружба на протојерејот – ставрофор Ефтим Бетински и на јерејот Климент Станковски. Откако заврши концертот делагацијата ја имаше можноста да се сретне со Митрополитот г. Августин од Украинската православна црква (Московска патријаршија) и со надлежниот Викарен епископ г. Ѓорги.