Десет кратки поуки за родителите

Десет кратки поуки за родителите

Десет кратки поуки за родителите

Родител и дете

1. Богато опсипувајте ги децата со љубов. Вашата љубов прави децата да се чувствуваат сигурно и им ги олеснува проблемите.

2. Воспоставете дисциплина. Кога се применува со определена мерка, доследно и благоразумно, дисциплината ги подобрува способностите на децата и ја зацврстува нивната самодоверба.

3. Постојано наоѓајте прилика за разговор, игра, учење со децата. Воспоставете вистинска заедница со нив.

4. Трудете се да покажете добар пример, напоредно со давањето поуки; на овој начин вашите совети се поубедливи.

5. Со децата остварете однос на меѓусебно почитување: така им помагате да бидат одговорни.

6. Обратете потполно внимание на сè што детето зборува, а не само на она што вие ќе слушнете. Само така ќе разберете што сака да ви каже.

7. Трудете се да давате упатства, а не заповеди. Тогаш детето ќе ви се доверува и повеќе ќе ве почитува.

8. Негувајте ја самостојноста и независноста на децата. Така ќе созреат и ќе станат поодговорни.

9. Прифатете ги и разберете ги слабостите – и вашите, и на вашите деца. На тој начин подобро ќе се разберете себеси и поискрено ќе ги сакате своите деца.

10. Со својот сопружник градете нежен однос, исполнет со почитување. Децата го гледаат ова, и се радуваат.

Монах од манастирот Ватопед, Света Гора