Co молитва и co светост можете да им помогнете на децата и во училиште

Тоа што важи за родителите, може да се примени и кај просветните работници. Co молитва и co светост можете да им помогнете и на децата во училиште. Божјата благодат може да ги осени и да бидат добри.

He обидувајте се co човечки методи да ги поправите лошите состојби. Co тој начин не се постигнува добар резултат. Повикувајте ја Божјата благодат за сите. Таа нека оди во нивните души и нека ги промени.

Тоа значи да си христијанин.

Вие, просветните работници, без да го сфаќате тоа, на децата им пренесувате стрес и им вршите влијание. Верата го изгонува стресот. Нели велиме: „И сиот наш живот на Христа Бога да Го предадеме”.

Co расудување возвраќајте им за децата на нивната љубов. Така, ако ве засакаат, ќе можете да ги приведете кон Христос. Вие ќе бидете средство за тоа.

Вашата љубов треба да биде вистинска.

He да ги љубите човечки, како што обично прават родителите. Така не им помагате.

Треба љубов co молитва, љубов во Христа. Таа љубов има реална полза.

Да се молите за секое дете што го гледате, и Бог ќе ја испраќа Својата благодат и ќе ги соедини co Себе.

Пред да влезете во училница, а особено во тешките одделенија, помолете се co молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме”.

Влегувајќи внатре, прегрнете ги co поглед сите деца, помолете се, а потоа зборувајте давајќи се целосно себеси. Принесувајќи се така себеси на Христос, ќе се радувате.

Така ќе се осветувате и вие и децата. Ќе живеете во љубовта Христова и во Црквата, затоа што ќе бидете добри во својата работа.

Ако некој ученик направи проблем, тогаш прво дајте општа забелешка, велејќи:
– Деца, овде сме дојдени за учење, за сериозна работа.

Јас сум co вас за да ви помогнам. Вие се трудите за да успеете во животот. И јас, којшто ве љубам многу, исто така вложувам труд. Затоа, ве молам, бидете мирни, за да ја постигнеме нашата цел.

Нема да гледате кон оној што згрешил во поведението. А доколку продолжи така, тогаш ќе му се обратите нему лично, не co лутина, туку сериозно и стабилно.

Ќе се потрудите да се наметнете како авторитет во класот, за да можете да повлијаете на нивните души. Децата не се виновни за тоа што се тешки. За тоа се одговорни возрасните.

Ha децата не им зборувајте многу за Христос, за Бога, туку молете My ce на Бога за децата. Зборовите удираат во ушите, а молитвата оди во срцето.

Слушнете една тајна. Првиот ден кога ќе отидете во класот, не држете предавање. Зборувајте им убаво, збор по збор. Кон децата однесувајте се co љубов.

На почеток не им зборувајте воопшто за Бога, ниту за душата. За тие работи ќе им зборувате подоцна, другпат. Меѓутоа, дента кога ќе им зборувате за Бога, добро ќе се подготвите и ќе им речете:

– Постои едно прашање, за коешто многумина се сомневаат. Станува збор за „Бог”. Што мислите вие?

Потоа нека следи дискусија. Друг ден дискутирајте на тема „душа”.

– Дали постои душа?

Потоа зборувајте за злото од философски аспект. Кажете им дека постојат две „јас”: добро и лошо. Треба да го негуваме доброто. А тоа сака напредок, добрина, љубов.

Доброто „jac” треба да го разбудиме за да станеме доблесни луѓе во општеството. Сетете се на зборовите:

„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш?” (кондак од Големиот канон на св. Андреј Критски). Меѓутоа, немојте така тоа да им го кажете, туку co други зборови, како на пример:

„Деца, бидете будни за образование, за доброто и за љубовта. Само љубовта прави се’ да биде убаво, ви го исполнува животот и така тој добива смисла.

Лошото „јас” ги сака мрзливоста и незаинтересираноста. Но тоа го прави животот невкусен, без смисла и без убавина”.

Ho за се е потребна подготовка. Љубовта бара жртви, а многу често и жртвување време. Давајте му приоритет на сопственото надоградување, за да бидете подготвени да им го дадете на децата потребното образование.

Бидете подготвени, a ce’ што кажувате говорете го co љубов и, пред се’, co радост. Co сета ваша љубов покажувајте им љубов и треба да знаете што сакате и што зборувате. Но потребна е умешност за да знаете како да се однесувате co децата. Во врска co ова слушнав нешто интересно. Обрнете внимание.

Некој учител, задоволен од сите деца, страдал поради недисциплината на еден ученик, па сакал да го исклучи од училиштето.

Во меѓувреме, дошол нов учител и го презел раководењето на паралелката. Тој се информирал за конкретниот ученик. Новиот учител, штом дознал дека тој ученик имал страст за велосипеди, вториот ден, кога влегол во училницата, рекол:

– Деца, имам една мака. Живеам далеку, а нозете ме болат да одам пешки, па сакам да користам велосипед, но не знам да го возам. Дали некој знае да ме научи?

Скокнал немирниот ученик и рекол:

-Јас ќе те научам!

– Знаеш ли?

– Да, знам.

И оттогаш станале многу добри пријатели. А на поранешниот учител му било тешко гледајќи го тоа, затоа што чувствувал дека не бил способен да му се наметне на ученикот.

Многупати се случува во училиштето да има деца сираци. Тоа е тешко. Оној кој ги загубил своите родители, особено додека е мал, станува несреќен во животот.

Меѓутоа, ако ги здобил Христос и Богородица како духовни родители, тогаш станува светител. Кон децата сираци однесувајте се co љубов и co разбирање, но пред се’, поврзувајте ги co Христос и co Црквата.

Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит

Повеќе ...