Title : Дијалог меѓу еден старец и еден атеист (3)

Дијалог меѓу еден старец и еден атеист (3)

Example User · 6 months ago

    0 minutes, 0 seconds


Трет дел од разговорот во четири дела

rsz_road_damascus-1800

Атеистот: И да е така, но сите сведоштва што ги приведе припаѓаат на Христовите ученици. Дали постои некое сведоштво за ова, што не доаѓа од кругот на Христовите ученици? Дали, на пример, има некои историчари кои би го потврдиле Христовото Воскресение? Ако има, и јас ќе поверувам во она што говориш.

Старецот: Кутро чедо! Ти не знаеш што зборуваш сега! Ако имаше такви историчари коишто биле сведоци на воскреснатиот Христос, тие би поверувале во Неговото Воскресение и би го запишале како верници, и во тој случај, ти повторно би го отфрлил нивното сведоштво, исто како што го отфрли сведоштвото на Петар, сведоштвото на Јован, итн. Како е можно некој навистина да биде сведок на Воскресението и да НЕ стане христијанин? Прашуваш дали печено пиле, набодено на шипка, исто така може и да пее! Тоа не е можно!

Ќе те потсетам пак – бидејќи прашуваш за историчари – на она што го реков претходно: дека единствените вистински историчари се апостолите.

Сепак, ние имаме сведоштво од типот што ти бараш, и тоа е од некој што не припаѓал во кругот на Неговите ученици: тоа е Павле. Павле не само што не бил Христов ученик, туку тој практично ја прогонувал Христовата Црква со голема ревност.

Атеистот: Велат дека Павле страдал од сончев удар и тоа било причина за неговата халуцинација.

Старецот: Чедо мое, ако Павле халуцинирал, она што ќе излегло на површина би била неговата потсвест. А во потсвеста на Павле, патријарсите и пророците би биле на прво место. Тој би халуцинирал за Авраам, Јаков и Мојсеј, но не и за Исус, Кого Го сметал за бунтовник и измамник.

Можеш ли да си замислиш некоја верна стара баба како го гледа Буда или Зевс во нејзините соништа или во делириум? Таа најверојатно ќе го види свети Николај или света Варвара, бидејќи верува во нив.

Уште нешто. Со Павле, како што вели Папини, ние го имаме следниов чудесен феномен: прво, ненадејноста на неговото обраќање. Директно од безверие во вера. Без никаква посредна подготвителна фаза. Второ, непоколебливоста на неговата вера. Без двоумење, без сомнеж. И трето, неговата вера истрајала цел живот. Дали веруваш дека сиве овие нешта можат да настанат како последица на сончев удар? Тие во никој случај не би можеле да бидат припишани на тоа. Ако можеш да го објасниш тоа сега, објасни го. Ако не можеш, тогаш треба да го признаеш чудото. И мора да знаеш дека за човек од негово време, Павле бил извонредно добро образован. Тој не бил просечен човек со низок статус, кој немал поим за ништо.

Ќе додадам уште нешто. Ние денес, чедо мое, живееме во едно исклучително време. Ние го живееме чудото на Христовата Црква.

Кога Христос рекол за Својата Црква дека „ни вратите на пеколот нема да ја надвладеат“ (Мт 16,18), Неговите следбеници биле многу малку на број. Поминаа речиси две илјади години од тој ден. Исчезнаа империи, се заборавија философски системи, пропаднаа светски теории. Но, Христовата Црква останува неуништлива и покрај постојаните и драматични гонења што ги поднесува. Зар тоа не е чудесно?

И последно нешто. Во Евангелието според Лука се вели дека, кога Светата Мајка ја посетила Елисавета (мајката на Крстителот) по Благовештението, Таа била поздравена со зборовите: „Блажена си Ти меѓу жените“. А Светата Мајка вака одговорила: „Мојата душа Го велича Господа. И, ете, отсега ќе Ме ублажуваат сите родови“ (1,48).

Што била Светата Мајка во тоа време? Таа била само една непозната ќерка од Назарет. Колкумина ја познавале? И сепак, оттогаш, се заборавија царици, згаснаа имиња на истакнати жени, во заборав отидоа мајки и жени на големи генерали. Кој се сеќава или воопшто ја знае мајката на Наполеон, или, пак, мајката на Александар Велики? Речиси никој. Но, милиони усни од секоја должина и широчина на светот, низ вековите, ја почитуваат смирената ќерка од Назарет, која е „почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите“. Дали ние луѓето на дваесеттиот век живееме или не живееме во денот и векот кога се потврдуваат зборовите на Светата Мајка?

ИсThe Repentance of the Sinful Woman _2тото се согледува и во „второстепеното“ пророштво на Христос: додека престојувал во домот на Симон Лепрозниот, една жена дошла при Него и излеала скапоцено миро врз Неговата глава. Христос рекол: „Вистина, вистина ви велам, каде и да се проповеда ова Евангелие во светот, ќе се прикажува и за оваа жена и што направи таа, за нејзин спомен“ (Мт 26,13). Значи, колкав бил Неговиот кружок на следбеници во тоа време, за некој да рече дека тие се надминале себеси, со цел пророштвото на нивниот Учител да биде исполнето? Особено едно пророштво како што е ова, кое, според денешните стандарди, нема никаква важност за многумина.

Дали се или не се ова чуда? Ако можеш, објасни ги. Но, ако не можеш, тогаш прифати ги како такви.

(продолжува)

Прв дел    Втор дел

Г.Г.

Source: http://mistagogia.mk/dijalog-megju-starec-i-ateist-3/

Related Posts

Image Description
6 months ago

Дијалог меѓу еден старец и еден атеист (4)

Четврт и последен дел од разговорот Атеистот: Морам да признаам дека твоите аргументи се прилично цврсти. Но, би сакал да те прашам уште нешто: зар не мислиш дека Христос го оставил Своето дело незавршено? А тоа, дека, ако не друго, нè напуштил. Не можам да замислам Бог што би останал рамнодушен на...

Image Description
6 months ago

Откриена жената на Исус?

Научниците открија веродостојно сведоштво: Исус Христос бил женет! Црковниците толку години ја криеле од нас целата вистина! Вест од насловна страница… Значи, што всушност нашле научниците? И за што сведочи нивниот пронајдок? Да се обидеме накратко да објасниме. Најден е, или поточно, внимателно е...

Image Description
6 months ago

Европа ќе ја види црквата во Курбиново

  На свеченоста во Париз ќе се одржи обемно излагање за црквата „Св. Ѓорѓи“ изградена во 12 век кај преспанското село Курбиново, редок бисер на светската византиска уметностКутија-штафета во која се собираат писма, сведоштва за состојбата на културното наследство во повеќе европски земји, пату...