Георгије Манзаридис: Присуството на Добрината – (II дел)

Example User · 3 years ago

    3 minutes, 17 seconds


 Патот на созданието

Патот на созданието се преплетува со патот на човекот и е определен од него. Падот на човекот е пад и на созданието (види Рим. 8, 20-21). Уништувањето на околината ја достигна својата кулминација во нашата епоха и јасно ја открива бескрупулозноста и несовесниот однос на човекот кон неа. Сепак, преминот од сетилна кон духовна убавина не е едноставен, ниту лесен за човекот кој се потчинува на страстите. Тој премин предвидува очистување на умот и ослободување на сетилата од острастениот однос кон предметите.

3.angeli.so.truba
Местото на човекот

Човекот е „мал свет во големиот свет“. Тој е во сроднички и пријателски однос со светот, но има и врховна положба и царска власт во него (види Битие 1,28). Човекот не е наполно потчинет никому, а постои како зададеност дури и за Бога. Затоа неговите односи со Бога се засновани врз принципот на слободата. Човекот може да Го занемари Бога и да се оддалечи од Него и во тоа се состои трагичната страна на слободата. Таа сепак, е неопходна, за да може и тој да стане учесник во божествениот живот, којшто не е претходно предопределен. Откривањето на царската власт на човекот без паралелно осознавање на неговата создаденост и врска со Бога, лесно води до трагични недоразбирања, како на пример тие коишто довеле до современата еколошка криза. Затоа треба постојано да се има на ум христијанската вистина за човекот и неговиот однос кон светот и Бога.


По Божји образ и подобие

Разликата меѓу човекот и другите созданија се состои во тоа што тој е создаден „по Божји образ и подобие“, на што се должи и неговата царска власт. Во мазоретскиот текст еврејските зборови „шалем“и „демут“, кој соодветствуваат на грчките зборови „εἰκών“ и „ὀμοίωμα“, означуваат едно и исто нешто, согласно на познатата форма на синонимски паралелизам. Има сепак, извесна разлика во начинот на којшто Седумдесетмината ги пренесуваат тие зборови. Во својот превод тие не ги користат зборовите „εἰκών“ и „ὀμοίωμα, туку зборовите „εἰκών“ и „ὀμοίωσις“. Зборот „ὀμοίωσις“ сепак, има динамична содржина и не е обично повторување на зборот „εἰκών“, кој повеќе изразува некаква дадена состојба. Со употребата на овие поими се пренесува динамичниот дух којшто е присутен кај еврејските зборови. Тоа библиско место се толкува на таков начин врз основа на целосниот динамичен дух на Стариот Завет. Затоа за Светиот Отци кои обично го користеле преводот на Седумдесетмината, „по образ“ ја означува состојбата во којашто човекот е создаден од Бога, додека „по подобие“, ја означува неговата динамична предназначеност. Кога создадениот „по Божји образ“ човек ги пази Божјите заповеди, тој дејствува „по подобие“.


Добрината како однос

Gospod.Hristos.Adam

Не е само зборот „ὀμοίωσις“ оној кој го изразува движењето кон Првообразот, туку и зборот „εἰκών“, кој исто така има динамичен карактер и го изразува одразеното. Истото важи и за зборот „ὀμοίωμα“. Ниту образот, ниту подобието можат да се разгледуваат самостојно, зашто нивната вистина се наоѓа во првообразот. Во однос на живиот образ, каков што е човекот, подобието е природно движење за запазување на неговата идентичност. На тој начин добрината секогаш постои во врска со Бога. Бог е полнота на сите добрини, а човекот кој Го одразува е учесник во таа полнота. Како што Бог, така и создадениот по Божји образ човек, постои не безлично, туку личносно во врска на љубов. Бидејќи е создаден „по Божји образ и подобие“, човекот не е статично, туку екстатично битие кое постои во однос со Бога, Кого Го одразува и кон Кого се насочува. Се разбира, секој човек, пред сѐ Го одразува Христа, Кој е образ на невидливиот Бог, а целото човештво заедно – Света Троица. Треба да се одбележи промената од еднина во множина при описот на создавањето на човекот: „Потоа рече Бог: ‘Да создадеме човек според нашиот образ и подобие, и да владее…‘“ (Битие 1,26). Единствениот Бог користи множина „да создадеме“, а исто така и за човекот повторно се користи множината „αρχέτωσαν“. Истото се забележува и при описот на падот на човекот, како и на изгонувањето негово од Рајот. Тука употребата на множината која таинствено ја наговестува Троичноста на Бога е карактеристична за принципот на Личноста – Личноста не се ограничува во себеси, туку суштествува во оштење. Бог Отецот се открива наполно за Синот и за Светиот Дух. Човештвото исто така е повеќеипостасно, без да престане да биде еден човек. Секоја човечка ипостас станува автентична кога целосно ќе се открие за другите човечки ипостаси, по пример на Троичниот Бог, кога со љубов го „сместува“ целото човештво во себеси како еден човек.

(Продолжува…)

 https://bigorski.org.mk/katehizis/prisustvoto-na-dobrinata-part-2/

Source: https://preminportal.com.mk/duhovnost/katihizis/23513-eorgije-manzaridis

Share:

Example User

All author posts

Related Posts

Image Description
3 years ago

За Божјиот печат и знакот на ѕверот

Монах Пимен Влад, од романскиот скит Лаку Кога ќе дојде антихристот и ќе посака да ти стави печат, тој нема да посака просто да ти стави еден печат, за да можеш да продаваш и да купуваш, туку ќе посака да го заземе местото на Христос во твојот живот, за да биде тој на мест...

Image Description
3 years ago

′′ Светлината влегува низ пукнатините на нашата душа..."

  ′′ Светлината влегува низ пукнатините на нашата душа..." ,, На сите жалосни радост “( Писмо до лице кое боледува од психичка болест )Ми пишуваш дека си имал стравови и панични напади, а подоцна како средновечна личност веќе имаш депресија. Истовремено велиш дека копнеeш за духовен живот, дек...

Image Description
3 years ago

Отечки изреки (4)

Патот на смирението е овој: самовоздржание, молитва и да се сметаш себеси за понизок од секоја твар. ава Титој Смирението е единственото нешто што ни треба. Ако некој има секакви добродетели, ама нема смирение, може сè уште да паѓа, но со смирението – никој не паѓа. старец Герман Светогорски Дури и...