Господи, дај ми трпение , великодушност и кроткост…(молитва)

Господи, дај ми трпение , великодушност и кроткост…(молитва)

Господи, во покајание прими ме.

Господи, не оставај ме.

Господи, не воведувај ме во искушение.

Господи, дај ми мисла добра.

Господи, дај ми солзи и сеќавање на смртта и умиление.

Господи, дај ми помисла за исповедање на гревовите мои.

Господи, дај ми смирение, целомудрие и послушание.

.

Господи, всади го во мене коренот на добрината,  и на стравот Твој во срцето мое.

Господи, удостој ме да Те љубам со сета моја душа и мисла, и во с¢ да ја творам волјата Твоја.

Господи, заштити ме од некои луѓе, и бесови, и страсти, и од секое друго недолично нешто.

Господи, знам дека чиниш како што благоволиш; нека биде волјата Твоја и во мене грешниот,

зашто Си благословен навек. Амин.