Господи на чистотата, очисти ја нашата слобода!

Господи на чистотата, очисти ја нашата слобода!

„Господи на чистотата, очисти ја нашата слобода, таа сама по себе е матен извор.

Се восхитувам на слободата на човековата волја!

Таа е силна, но и соборлива; таа е господарка, но и робинка; има можност да победува, но сака и да отстапува; и иако е слободна, таа се оддава на ропство.

Да разгледаме и размислиме што е подобро: светот да го спечалиме или Бога да Го придобиеме?

Да станеме наследство на Бога за да Го наследиме! Човекот, како и Творецот, се возвисени и стојат над сè.

Ако не ја придобиеме својата душа и Бога, тогаш, и целиот свет да го спечалиме, сме се изгубиле себеси.“

Св. Ефрем Сирин