ГРЕВОТ СТАНА МОДА! (Старец Пајсиј)

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 14 Views

ПРВА ГЛАВА

Гревот стана мода

Старче, слушнавме дека на некого сте му рекле дека ќе има војна? Дали е вистина тоа?

Јас ништо не реков, а светот ја раскажува својата приказна. Дури и кога би знаел нешто, зар би го кажал тоа?

Колку е сурова војната, Старче!

Кога луѓето би ја немале оваа… „благородност” на гревот, не би паднале во олку сурова состојба.

Уште посурова е – моралната катастрофа. Луѓето пропаѓаат духовно и телесно.

Некој ми рече: „Велат за Атина ‘џунгла, џунгла’, ама никој не заминува оттаму. Сите ја нарекуваат џунгла, и сите доаѓаат во таа џунгла”. Какви станаа луѓето! Како животни!

Знаете ли што прават животните? Прво влегуваат во шталата, ја исфрлаат нечистотијата, мократ… Потоа ѓубрето почнува да врие. Штом ѓубрето ќе почне да врие, животните чувствуваат топлина. И повеќе не сакаат да излезат од шталата, добро им е.

Сакам да кажам дека и лугето се такви: Ја чувствуваат топлината на гревот и не сакаат да се оддалечат од него. Сфаќаат дека ѓубрето смрди, но поради топлината не сакаат да си одат.

Кога некој би би влегол во шталата, не би издржал. На оној што постојано е во шталата, смрдеата не му пречи; веќе се навикнал.

Старче, некои велат: „Зар само денес греши светот? А како беше некогаш во Рим?”

Bo крајна линија Римјаните биле идолопоклоници. Она што го говорел апостол Павле (Рим. 1, 24-32) се однесувало на идолопоклониците што се крстеле, но имале лоши навики.

He треба за пример да ја земаме пропаста на некоја епоха.

Денес гревот стана мода!

Гледај, ние сме православен народ, а какви сме! Какви ли се, тогаш, другите!

Злото е во тоа што грешните луѓе го сметаат за пореметен (односно сметаат дека не е во ред) некој што не го следи текот на времето, кој не греши, кој е побожен, затоа што гревот стана мода.

Ваквите луѓе се навредуваат кога некој не греши, а гревот го сметаат за напредок.

Тоа е најлошо од сѐ. Кога само би го увиделе тоа денешниве луѓе што живеат во грев, Бог би се смилувал на нив. Ho тие го оправдуваат она што не може да се оправда и го фалат гревот.

Тоа е најголема хула на Светиот Дух; гревот го сметаат за напредок, a она што е морално го сметаат за назадно. Затоа повеќе вредат оние што се борат во светот, чувајќи ја чистотата на живеењето.

Некогаш, ако некој бил пореметен или пијан, се срамел да излезе на улица, затоа што ќе го презреле. Или, пак, некоја жена кoja скршнала од правиот пат, не смеела да излезе надвор. И тоа, на некој начин, била кочница.

Денес, ако некој живее правилно, ако некоја девојка, на пример, живее побожно, за неа ќе речат: „Бре, каде живее оваа!”

Или, воопшто, ако кутрите луѓе паѓале во rpeв, ja чувствувале својата грешност, малку ги наведнувале своите глави и не му се потсмевале на оној што живеел духовно. Туку напротив, се гордееле co него.

Сега ниту чувствуваат вина, ниту имаат почит. Сѐ е изедначено. Ако некој не живее светски, му се потсмеваат.

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец

Подготви: М. Даниловска