Преподобен Симеон Нов Богослов

Верата се состои од ова:

да бидеме готови да умреме за Христа и за Неговите заповеди, со увереност – дека таквата смрт дава живот;

сиромаштијата да ја сметаме за богатство, а немоќта и немаштијата за вистинска слава и чест.

И кога немаме ништо, да бидеме уверени, дека имаме се`.

Такво е неискажливото богатство од познавањето на Христа. Тоа ни помага во се` што е видливо – да гледаме како на прав и на чад.

Верата во Христа се состои не само во тоа: да не се грижиме за пријатностите на животот, туку и во тоа:

трпеливо да ги поднесуваме сите искушенија, страданија и непријатни работи, кои ни се случуваат, се` додека Бог не посака да се смилува на нас, угледувајќи се на светиот пророк Давид кој говори:

„Долго време се надевав на Господа, и Он се наклони над мене“ (Псал.39,1).

Кога страдам јас се надевам дека Господ ќе ми помогне. Затоа и Господ, гледајќи дека без колебање ја чекам Неговата помош, се погрижи за мене и ми ја покажа Својата милост.

&