Исусе преслатки, спаси ме! (молитва)

Pokajanie

Pokajanie / Pokajanie 18 Views

Песна четврта

Ирмос: Си дошол од Дева, не како застапник, не како Ангел, туку Самиот Ти, Господи, воплотувајќи се, и Си ме спасил мене целиот човек. Затоа Ти воскликнувам:

„Слава на силата Твоја Господи!”

Припев: Исусе преслатки, спаси ме!

Исцели ги, Исусе мој, раните на душата моja, Ти се молам, Исусе мој, грабни ме, Исусе мој благоутробен, од рацете на душегубниот бес и спаси ме.

Згрешив, Исусе мој Преслатки, Милосрден. Исусе мој, спаси ме мене кој притекнувам под покровот Твој, Исусе Долготрпелив, и удостој ме co Царството Твое.

Слава: Никој не згреши, Исусе мој како јас бедниот што згрешив. Но молејќи Те, припаѓам, Исусе мој, спаси ме; и наследство животно, Исусе мој, подари ми.

И сега:

Севоспевана, на Исуса Господа Родилке, Hero моли Го од маки да ги избави сите што Тебе Те воспеваат и вистински Богородица Те именуваат.