Јас сум минувач на земјата: дојдов на неа co раѓањето, ќе си заминам од неа co смртта – Свети Игнатиј Брјанчанинов

Јас сум минувач на земјата: дојдов на неа co раѓањето, ќе си заминам од неа co смртта – Свети Игнатиј Брјанчанинов

Јас сум минувач на земјата: дојдов на неа co раѓањето, ќе си заминам од неа co смртта – Свети Игнатиј Брјанчанинов

ЖИВОТ ЗЕМЕН

• Пророкот ја нарекол земјата – место на свое живеалиште (Псал. 110, 54), а себеси за придојден и минувач на неа. „Зашто сум туѓ во Тебе и придојден – My рекол тој на Бог во својата молитва како сите мои татковци” (Псал. 38,13).

Очигледна, опиплива вистина! Вистина, која луѓето ја забораваат, без разлика на нејзината очигледност!

Јас сум минувач на земјата: дојдов на неа co раѓањето, ќе си заминам од неа co смртта. Јас сум дојденец на земјата: дојдов од рајот, каде што се осквернав и се обезличив co грев.

Ќе се иселам од земјата, од тоа привремено место на моето прогонство, каде што Бог ме смести за да го сменам начинот на своето размислување, за да се исчистам од гревовноста и одново да станам способен за живот во рајот.

A заради својата упорна и конечна непоправливост, треба засекогаш да бидам фрлен во адската темница. Јас сум скитник на земјата, co скитање почнувам од лулашка, а го завршувам во гроб, скитам од детството до староста, скитам во различни земни околности и ситуации. Јас сум туѓ во Тебе, како и сите мои татковци.

Моите татковци беа дојденци и минувачи на земјата: стапувајќи на неа co раѓањето, се оддалечиле од неа co смртта. Исклучоци немало: никој од луѓето не останува вечно на земјата. Ќе заминам и јас. Веќе полека заминувам, ми снемува сила, ме стигнува староста. Заминувам, заминувам од овде, според непроменливиот закон и моќната одредба на Создателот и Бог мој.

Да сфатиме дека на земјата сме странци. Само ако појдеме од тоа убедување, ќе можеме да направиме непогрешна сметка и план за нашиот земен живот; поаѓајќи само од тоа убедување, ќе можеме на земниот живот да му дадеме точно насочување и да го употребиме за стекнување на блажената вечност, а не за празни и суетни работи и за свое погубување.

He’ заслепил и не’ заслепува нашиот пад! Затоа сме принудени на сила, долго време да се убедуваме себеси во најјасните вистини, за кои, заради нивната јасност, убедување не е ни потребно.

Кога патникот ќе запре во гостоприемница, тој не обрнува многу внимание на неа. Зошто и би обрнувал внимание, кога таму е за сосема кратко време? Тој се задоволува само co најнеопходното:

се труди да не ги потроши парите кои му се потребни за продолжување на патот и за издржување во големиот град во кој патува; недостатоците и неудобноста лесно ќе ги претрпи, знаејки дека тие претставуваат случајност на која се изложени сите патници, а дека во местото каде што оди го очекува ненарушливо спокојство.

Тој не се врзува co срцето ниту за еден предмет во гостоприемницата, колку и да му се чини дека е примамлив. Постојано е задлабочен во размислување за велелепната царска престолнина во која се упатил и во значајните пречки кои треба да ги совлада за да стигне во неа, потоа за средствата кои би можеле да му го олеснат патот, па за разбојничките заседи кои му се закануваат по пат, за несреќната судбина на оние, на кои не им пошло од рака да го завршат патот како што доликува и за најголемата среќа на оние кои го завршиле co саканиот успех.

По извесно време поминато во гостоприемницата, тој ќе му се заблагодари на домаќинот за укажаното гостопримство и заминувајќи понатаму, ќе заборави на неа или ќе се сеќава само површно, бидејќи неговото срце било ладно кон неа.

Таков однос кон земјата треба ние да стекнеме. Да не ги трошиме безумно способностите на душата и на телото; да не ги принесуваме на жртва на суетата и на распадливоста.

Да се чуваме од приврзаноста за минливото и материјалното, за тоа да не ни биде пречка за стекнување на вечното и на небесното. Да се чуваме од угодување на нашите незадоволни и незаситни барања, co чие задоволување нашиот пад само се продлабочува и достигнува пострашни размери.

Да се чуваме од изобилието, задоволувајќи се само co она што суштински ни е неопходно. Да го насочиме целото наше внимание кон животот кој не’ очекува по гробот и кој нема крај.

Да Го познаеме Бог, Кој ни заповеда да Го познаеме и Кој тоа познавање ни го даде co Своето слово и co Својата благодат. Во текот на земниот живот да My станеме свои на Бог. Он ни понуди најтесно соединување co Себе, оставајќи ни го како рок за извршување на тоа највозвишено дело – земниот живот.

Нема друго време освен она, што е одредено co земниот живот, во текот на кое би можело да дојде до тоа чудесно усвојување: ако не се изврши тогаш, нема никогаш да се изврши. Да стекнеме пријателство co небожителите, co светите ангели и со другите свети луѓе, за тие да не’ примат во вечните живеалишта (Лука 16. 9).

Да научиме да ги препознаваме паднатите духови, тие лути и расипани непријатели на човечкиот род, за да ги избегнеме нивните замки и заедницата co нив во адскиот пламен. Светилка на нашиот животен пат нека ни биде Словото Божјо. Да My вознесеме слава и благодарење на Бог, за обилните богатства, co кои, заради задоволување на нашите потреби е исполнето нашето привремено живеалиште – земјата.

Co чист ум да проникнеме во значењето на тие богатства, кои се само слаба слика на вечните богатства. Вечните богатства co помош на нив се претставени толку слабо и недоволно, како што сенката ги претставува предметите од кои доаѓа. Подарувајќи ни земни богатства, Бог таинствено објавува:

„Луѓе! Вашето привремено живеалиште е снабдено co различно и безбројно богатство, кое ги плени и ги восхитува погледот и срцето, изобилно задоволувајќи ги вашите потреби; врз основа на тоа судете за богатството co кое е исполнето вашето вечно живеалиште.

Сфатете ја бесконечната и несфатлива добрина Божја кон вас и, почитувајќи ги земните богатства преку нивно побожно доживување и согледување, немојте да постапувате неразумно:

немојте да им се потчинувате, немојте co нив да се погубите себеси. Користејќи ги колку што е неопходно и потребно, co сите сили насочете се кон стекнување небесни богатства”.

• Заводливиот и лажлив пат на земниот живот: за оние кои сега тргнуваат пo него тој претставува бескрајно боиште исполнето co дејствување; за оние пак, кои го завршиле – изгледа многу, многу краток, исполнет co пусти сновиденија.

И славата и богатството и сите други пропадливи добивки и предности, за чие стекнување се употребува целиот земен живот, како и сите сили на душата и на телото, заслепениот грешник мора да ги остави во миговите кога од душата насилно се соблекува нејзината облека – телото и кога неумоливите ангели ќе ја поведат душата на Суд кај праведниот Бог, Кого таа не Го познавала, Кого го занемарувала.

Луѓето се трудат да се збогатат co знаења, но само co оние неважните, кои се приспособени единствено за минливиот земен живот и се во состојба да ги задоволат потребите и барањата единствено на тој живот.

Познание и дело, кои суштински ни се потребни, заради кои единствено и ни е даруван земниот живот, се – познанието на Бог и помирување co Hero, co посредство на Искупителот, а ние во целост ги презираме.

• За да стекнеме љубов кон духовните и небесните предмети, треба да се откажеме од љубовта кон земните предмети; за да ja засакаме татковината, неопходно е да се откажеме од болната љубов кон земјата на нашето прогонство.

• Сите ние сме само за кратко гости на земјата! Како кога некој се подготвува за далечен пат.

Георги Затвореник многу добро го споредува нашиот живот co престојување на затвореник во темница, од која час еден, час друг се повикуваат на суд заради изрекување на конечната пресуда.

Да се подготвуваме за тој суд, за пресудата да биде поволна за нас. Праведникот ќе ја изнесе својата правда, како богата жртва пред престолот на Судијата; а ние грешните да принесеме таму макар покајание и солзи!

• Земниот живот е патување кое ниту за миг не се прекинува. Одиме, одиме и одненадеж се отвора вратата на вечноста, а ние се губиме во нејзиното незамисливо пространство. Колку убаво вели свети Давид: Туѓ сум на земјата: не сокривај ги од мене заповедите Твои! Точно: законот Христов е зрак кој го следиме за да можеме од мрачниот лавиринт на земниот живот да излеземе во блажената вечност.

• Мрачна област е земјата! Тоа е област на прогонство на злосторници кои pajот го извалкале co грев, виновни за непослушност на Бог, оние кои го презреле општењето co него, кои тоа општење го замениле co општење co ѓаволот.

На земјата според човекот се’ се однесува непријателски и тој се наоѓа во постојана борба co себе. Земјата е долина на прогонство, долина на почетни страдања, co кои започнуваат вечните, како оправдана казна за навреда на бесконечно Благиот.

Земјата е наше прогонство, затоа овде дојде Искупителот: безмерното прегрешение го искупил co безмерна цена – co Својата Крв.

Земјата е наше прогонство, затоа Искупителот од земјата на небо ги води оние кои го прифатиле Неговото искупување. Небото е вистинска татковина на човекот: патот таму треба да се изврши во себеси.

Во себе треба да се видат оние кои го држат светот и да се пресметаме co нив, да им се врати она што им припаѓа, а што човекот го позајмил од нив. Од нив го позајмивме отровот на гревот, гревот во сите негови и најситни видови, во сите негови најразлични облици. Одделувајќи од себе се’ што и’ е туѓо на нашата природа, ќе останеме сами co себе, co сопствената непорочна природа.

Тоа исчистување во нас го произведува Словото Божјо, кое ни го открива својството на новиот Адам и раните на стариот. Себлагиот Свет Дух, гледајќи ја нашата белина, ќе слезе на нас, ќе не’ осени co Својот мир и светлина, ќе не’ измени, ќе не’ утврди, ќе не’ вброи во избраниот народ, во потомството на вториот Човек, Кој е Господ од небото.

Утврдени co Светиот Дух, ние повеќе нема да се плашиме од мрачните и злобни господари на овој свет, туку преку нивните густи и темни редови, ќе поминеме кон светлината на Вистината, во чија прегратка ќе го најдеме предвкусот на идното блаженство. Кој во себе го завршил тој земен пат, кој се ослободил од гревовното ропство и добил простување од Духот, тој по разделувањето на душата од телото, без пречки и безбедно ќе ги помине митарствата на воздушните мачители.

• Нашиот живот е непрекинат синџир на страдања, кои завршуваат co смртта, co најголемата тага за луѓето, посебно за оние кои го забораваат своето вистинско назначување во вечноста. Овој синџир треба co трпение да го пребираме, алка по алка, за да завршиме co добра надеж.

ЖРТВИ НА БОГ

• Сиромаштвото пo дух е сол за сите духовни жртви и паленици. Ако не се посолени co таа сол, Бог ќе ги отфрли.

• Co вера светиите се потопиле во длабочината на смирението: тие co чистото око на верата виделе дека човечките жртви на Бог се Дарови Божји во човекот, долгови на човекот, кои не му се нужни на Бог, но за човекот се неопходни и спасоносни, кога тој се труди да ги принесува, да ги удвојува и отплатува.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов