Како да ја препознаеме Божјата волја…(Митрополит Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 52 seconds


ГНОМИ, т.е. МИСЛЕЊЕ

Синот Божји, при воплотувањето – од Светиот Дух и Дева Марија, во Себе ја земал целата човечка природа; земал тело, разумна и умна душа, како и нивните својства…

Сè земал освен гревот, поточно, подложноста на грев.

Во Богочовекот Христос нема гноми, т.е. мислење.

Божествената Ипостас не може да размислува, во смисла да се колеба и двоуми помеѓу доброто и злото; а Ипостаста на Синот е единствен слободен носител на волјата и на енергијата на Богочовекот, т.е. единствен субјект на одлучувањето.

Христовата Личност, т.е. Ипостас, никогаш не манифестирала дејствување на гномичката, т.е. паднатата волја, во неа нема никаква примеса на гревот.

Гноми постои и е поврзана со создадената ипостас, односно со човечката личност. Со овој термин се означува слободната падната волја на создадената ипостас – која, колебајќи се помеѓу доброто и злото, често се приклонува кон второто, го избира злото. Ипостаста, т.е. личноста на човекот, е таа што избира.

Според свети Максим Исповедник, соединувањето и соработката на двете волји, Божјата и човечката, ипостасно и совршено е остварено во воплотениот Син Божји – Исус Христос, затоа човековото слободно и свесно прифаќање на оваа соработка, во Црквата, е единствен услов за негово спасение и обожение.

Гледаме дека патот кон обожението на човекот подразбира содејство и восогласеност на двете волји и, се подразбира, енергии – човечката и Божјата, а пред сѐ, суштинско преосмислување на нашата падната гномичка волја во Божествената волја.

Како да ја препознаеме Божјата волја, прашање што го предизвикува секој христијанин низ вековите? Зависи на кој степен од духовниот развој или од душевното разболување се наоѓаш – некогаш не можеш сам, а некогаш можеш.

Ако си на некој од степените на душевното разболување: демоноопседнат, религиозен социопат или религиозен невротичар; и ако си на првиот степен од духовниот развој: очистување на срцето од страстите, тогаш нема што ти да препознаваш или толкуваш, затоа што не можеш.

Ти си должен да го прашаш својот духовен отец (во крајна инстанца тоа е Епископот на локалната Црква) и тој ќе ти каже. Нормално, ти, ако не си веќе многу опрелестен – ќе послушаш.

Ако си на вториот или третиот степен од духовниот развој, т.е. ако си достигнал просветлување на умот – со дарот на аскетската умно-срдечна молитва, или ако си достигнал обожение – со дарот на непрестајната, т.е. благодатната умно-срдечна молитва, тогаш ти имаш доволна просветленост на умот, односно имаш способност и самиот да ја препознаеш Божјата волја, како и сила да ја извршиш.

Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2021/02/03/30606/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

     Свадбена облека (25.09.2021 15:59)Свадбата за која ни говори денешното евангелие (Матеј 22, 2–14) е Царството Небесно, чиј предвкус е даруван во Црквата Христова за оние што ќе ја прифатат поканата, за оние што се подготвени, за оние што имаат свадбена облека; не за оние шт...

Image Description
3 years ago

Митрополит Струмички Наум: За самооправдувањето (11.10.2020)

 За самооправдувањето (11.10.2020 13:00)Самооправдувањето е болест која е пораширена, понезабележлива и потешка од судењето и осудувањето. Самооправдувањето и осудувањето се две страни на една гревовна состојба – гордоста.Пораширена – затоа што, најчесто, дури и тие што внимаваат да не осудуваа...

Image Description
3 years ago

Треба да вложиме во сега и овде! (Дедо Наум)

Дејствување СЕГА и ОВДЕ Сѐ нешто чекаме да се случи, па да преземеме некакви конкретни чекори кон подобрување на нашиот духовен живот. На пример, подобри услови за молитва. Или, чекаме работите во нашиот живот да станат поедноставни и полесни, па да преземеме нешто, во правец на негово подобрување...