КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ СО СЛАБОСТИТЕ НА БЛИЖНИОТ? (Свети Игнатиј Брјанчанинов )

КАКО ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ СО СЛАБОСТИТЕ НА БЛИЖНИОТ? (Свети Игнатиј Брјанчанинов )

БЛИЖНИОТ – неговите слабости

• Некои постат, живеат осамено, Го молат Бог за скротување на похотата на својата природа, но притоа си дозволуваат себеси да зборуваат лошо за ближните, да ги прекоруваат и да ги осудуваат, да им се потсмеваат – и Божјата помош отстапува од нив; тие се препуштени сами на себе и не наоѓаат сили да им се спротивстават на гревовните поттикнувања на паднатата природа.

Во некој манастир живеел еден затвореник по име Тимотеј. Еден брат од манастирот бил подложен на искушение.

Кога дознал настојателот, го прашал Тимотеј како да постапи co паднатиот брат?

Затвореникот му дал совет заведениот монах да се истера од манастирот. Кога го истерале, искушението на паднатиот брат преминало на Тимотеј и го довело во опасност. Тимотеј co солзи почнал да Го моли Бога за помош и за помилување.

И слушнал глас: „Тимотеје! Знај дека ти го пратив искушението токму затоа што го презре својот брат за време на неговото искушение”.

Co екстремитетите Христови – христијаните – треба да се однесуваме многу внимателно: треба да се има разбирање за нивните слабости и да се отсекуваат само оние кои не даваат надеж за оздравување, a другите ги заразуваат co својата болест.

• Co помош на благодатното милосрдие co кое вистинските христијани се однесуваат кон ближните, на нив им останува туѓа грешноста на ближните, која преку осудување му се предава на оној кој осудува, нарушувајќи ја неговата мирна, радосна и света состојба.

• Според мислењето на отците, оние луѓе кои од ближните бараат потполно отстранување на недостатоците, имаат лажно сфаќање за тој предмет. Вакво отечко мислење наоѓаме и кај апостолите. Еден од нив (Јован Богослов) вели:

„Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме само себе, и вистината не е во нас” (1. Jов. 1,eight).

Друг пак, (апостол Павле) вели: „Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов” (Гал. 6, 2).

До каде може да доведе презирот кон слабостите на ближниот, покажало Светото Писмо по примерот на највозвишените луѓе во добродетелите. Кој е посветол од апостолите?

Но, ние во Делата апостолски читаме дека помеѓу апостолите Варнава и Павле дошло до расправија, а потоа и до разделување. Без сомнение, Светото Писмо ни укажало на ова co цел, за ние како слаби, постојано да бидеме внимателни и да не се занесуваме co ревност, туку да ги носиме тешкотиите еден на друг. Исполнувајте го така законот Христов!

• Како најголема опасност треба да го избегнуваме дружењето co братот кој живее во мрзливост, но не затоа што го осудуваме, никако! Друга е причината за тоа: ништо не е толку заразно и нападно како слабоста на братот.

Апостолот Павле советувал: „Ви заповедам, браќа, исто така во името на нашиот Господ Исус Христос, да се двоите од секој брат, кој живее неуредно, а не според преданието, што го добија од нас” (2. Сол. three, 6).

„He ce дружете co оној, кој нарекувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; co таков дури и да не јадете” (1. Кор. 5, 11).

Зошто?

Бидејќи, како што вели истиот апостол: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи” (1. Kop. 15, 33). Ако си се спријателил co пијаница, знај: во негово друштво и ти ќе се научиш на пијанство.

Ако често разговараш co блудник, знај: тој ќе ги пренесе на тебе своите сладострасни чувства. Добри пријатели треба да ти бидат оние, на кои единствена намера им е благоугодување на Бог. Така постапувал светиот пророк Давид. Тој за себе вели:

„Среде мојот дом одев co чисто срце; но, без разлика на таквата незлобност, престапите ги мразам, co богоугодна омраза кoja ce состои во оддалечување од нив: оној што тајно го клевети ближниот свој, го изгонувам; co оној, што е co горделиви очи и ненаситно срце, не јадев.

Очите ми се управени кон верниците на земјата, за да седат co мене; кој одеше по патот непорочен, тој ми служеше. He живееше во мојот дом оној, кој гордо постапува; кој говори лага, не можеше да остане пред очите мои” (Псал. 100, 2-7).

„Твоите пријатели во голема се чест, Боже” (Псал. 138, 17). Преподобниот Пимен Велики велел:

„Заклучок (крај и венец) на целокупното поучување на монах почетник е: чувај се од лошо друштво (познанства, пријателства) и биди co добро друштво”.

Пренесено од книгата “Енциклопедија на православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви: Мина Даниловска