Како да станеме богати до синовство! (Митр. Наум)

Example Admin User · 3 years ago

    1 minute, 29 seconds


Како да станеме богати до синовство (06.12.2020 12:40)

„На некој богат човек нивата му беше родила многу; и мислеше во себе, велејќи:

’Што да направам? Немам во што да ги соберам плодовите свои‘.

Па рече: ’Вака ќе направам: ќе ги урнам амбарите свои и ќе соѕидам поголеми, и таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра, и ќе ѝ речам на душата своја:

душо, имаш многу добра, приготвени за многу години; почивај, јади, пиј и весели се!‘“ (Лука 12, 16–19).

Ова што го прочитавме во евангелското четиво за денот, начинот на кој богатиот размислува, е верен опис на менталното заболување – растројство на личноста, односно на начинот на кој размислува и дејствува еден пасивен социопат.

Во неговите мисли и чувства нема место за оние што страдаат од немаштија и од други телесни и душевни страдања, туку само за себе, за своето его и за своето добро.

Но, Бог му рече:

’Безумниче, ноќеска ќе ти ја побарам душата твоја; тоа што си го приготвил, кому ќе остане?‘ Така бива со оној што собира добра за себе, а не се богати во Бог“ (Лука 12, 20–21).

Бог ги дава најточните дијагнози, така што пасивниот социопат најточно го опишува како – безумник.

Како навистина да станеме бог(ати)?

Знаеме дека Господ се поистоветува (дури и најмногу) со секој еден страдалник.

Затоа, секогаш кога од својот вишок ќе му помогнеме на еден од овие најмали Христови браќа што страдаат, ние не собираме за себе, туку се богатиме во Бог.

Така, никој не може да се нарече богат, односно подобен на Бог, без да ги збогатува и другите околу себе – пред сѐ, во духовна, но и во материјална смисла на зборот.

Доколку, пак, му помогнеме на страдалникот, од она малку што само за нас останало и сме го чувале, односно доколку на Бог Му дадеме сѐ што имаме, тогаш Бог ќе нѐ направиме синови Негови по благодат; достоинство пред кое секое богатство од овој свет изгледа… не изгледа.

Пресвета Богородице, спаси нас!

P.S. Не заборавајте дека без конкретно да помагаме на оние што страдаат, а имаме можност – нема Причест!

Од оваа обврска не може да ве ослободи никој, па ни Ангел од небото.

Митрополит Струмички Наум

Source: https://pokajanie.mk/2020/12/06/30095/

Share:

Example Admin User

All author posts

Related Posts

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Прогледување на духовно слепите (07.08.2021)

Прогледување на духовно слепите (07.08.2021 15:56)Во денешното евангелие опишани се две состојби.            Првата состојба е кога слепите повикуваат кон Богочовекот Исус Христос: „Помилуј нѐ, Исусе, Сине Давидов!“ (Матеј 9, 27). Оваа состојба...

Image Description
3 years ago

На рјеках Вавилонских…!

обновување на лозинка враќање на лозинка вашата е-мејл А лозинка ќе ви биде испратено до вас.

Image Description
2 years ago

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021 )

Цветници (24.04.2021 16:01)Конечно дојде времето да се исполнат Христовите зборови за Неговото страдање и Тој доаѓа во Ерусалим. И, конечно сфаќаме дека Неговото Царство не е од овој свет: „Моето царство не е од овој свет; ако беше царството Мое од овој свет, тогаш Моите слуги би Ме бранеле...“ (Јов...