Прашање:

Која е разликата меѓу православната и муслиманската вера, и како Господ би гледал на тоа да се склучи брак меѓу две различни вери. Благодарам

&

Одговор на свештеникот:

Бог не гледа на лице, туку гледа по срце.

Разликата во исповедувањето на верата е голема и очигледна, за да ги наброиме сите разлики би ни требало многу време.

Но она што како православни христијани е потребно да го правиме секако е практикување на верата во животот, односно доколку сме го примиле светото крштевање, а со тоа и благодатните дарови на Светиот Дух, тоа и треба да го живееме, низ литургиски живот во Црквата која е Тело Христоово, со подвиг, покајание исполнето со пост, молитва, исповед, духовно ракводство и редовно пристапување кон Светата Причест кога реално се соединуваме со Христос преку примањето на Телото и Крвта Негови кои ги очистуваат нашите гревови и не соединуваат со Него како залог за вечниот живот во царството Божјо кое го очекува секогаш на Светата Литургија.

Се во нашиот живот како христијани е вклучено во животот на Црквата, па така и бракот кој е образ на соединувањето на Христос со Црквата која ја чиниме сите кои сме крстени во Неговото име и кои се соединуваме со Него преку Светата Причест, доколку треба да се склучи и благослови во Црквата потребно е да има единство во верата, односно исто исповедување на верата, Еден Христос, една е верата, едно е и крштевањето.

Сведочењето на верата во СветоТроичниот Бог, Отецот, Синот и Светиот Дух.