КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА ОНОЈ СО ВИСТИНСКО СМИРЕНИЕ?

КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА ОНОЈ СО ВИСТИНСКО СМИРЕНИЕ?

КАКО СЕ ПРЕПОЗНАВА ОНОЈ СО ВИСТИНСКО СМИРЕНИЕ?

ВИСТИНСКОТО СМИРЕНИЕ

Смирението доаѓа како последица на духовното совршенство. Вистинското смирение има основи во внатрешниот човек.

Тоа е одраз на внатрешната благодат во душата, сјајот на нејзините добродетели и нејзините духовни украси.

Внатреизлиената благодат го прави ликот на смирениот посветол и помил.

Смирението е вистинската слика на природата и израз на душевното расположение, внатрешно величество на смирениот.

Тоа, бидејќи е нелицемерно и природно, едноставно и далеку од претерувањето, има постојан и непроменлив карактер кој никогаш не се менува или преобразува од смирен во несмирен, односно секогаш останува ист.

Смирениот не е лукав, туку искрен и непосреден.

Тој оди по патот на добродетелите и прави добра.

Однесувањето му е едноставно, поведението благородно, зборовите му се одбрани и зрачи со доверба.

Држењето на телото му е долично, достоинствено и ослободено од гордост.

Изразот на лицето му е природен и нелицемерен, погледот ведар, постојан и нељубопитен, движењата одмерени и мирни, украсени со мера,одот едноставен и изедначен, облеката уредна и скромна, чиста и едноставна.

Смирениот ги љуби сите и тивко поучува. Смирениот е миленик на луѓето!

Свети Нектариј Егински