Хомосексуалноста и Православната црква - новиот Содом и содомитите - Архимандрит Рафаил (Карелин)

Хомосексуалноста и Православната црква - новиот Содом и содомитите - Архимандрит Рафаил (Карелин)

Хомосексуалноста и Православната црква - новиот Содом и содомитите - Архимандрит Рафаил (Карелин)

Зошто хомосексуалноста и Православната црква не можат заедно? Содом и Ерусалим, темнина и светлина, разврат и морал. Каде што маршираат содомитите без совест и морал гревот победува.
Содомските паради се само локални сукоби, борбени извиднници, епизоди и фрагменти на сеопфатниот напад на демонските сили, како бестелесни така и телесни, на верата и моралот, на она што го прави човекот образ и подобие Божјо, на самата човечност на човекот.
Постои посебен облик на психика болест - манијакална потреба за нечистотија, кога психички болниот ги конзумира сопствените фекалии. Во таква состојба својот живот го завршил и познатиот писател Анри Ги Де Мопасан, циник и развратник во книжевноста. Конзумирањето на нечистотата некои сили денес сакаат да ја претстават како норма на човечкото однесување и како право кое се штити со закон и пендреци.
Кон што тежнее незаузданата пропаганда на развратот? Секако кон уништување или изопачување на христијанската вера, пред се на Православната. Соединување на Содом со Ерусалим не е возможно. Во древните времиња Содом падна, а сега се подготвува за реванш - напад на Ерусалим. За да се оправда култот на развратот и накажаноста, најпрвин треба христијанството да се претстави како фанатично, како секта која не го сака човештвото, како своевремено што се обидувале да го претстават развратните римски императори, или пак, на место на христијанството да вметнат некаков религиски сурогат, да ги уништат моралните и духовните темели на христијанството, да го претворат во театарска претстава, да го заменат христијанството со псевдохрристијанство, а Христовиот хитон со кловновски костим.
Развратот е оружје во борбата против Црквата. Непокајниот грешник ја сака темнината и се крие во неа од светлоста на сопствената совест. Погодената душа од развратот станува глува и слепа на духовните импулси. Како што слепиот иако стои под сончевите зраци и не ја гледа светлоста, така и непокајниот грешник во Црквата не го чувствува она најважното - благодатта. Во старо време на содомитите не само што им било забранувано да се причестат, туку долго време по покајанието не ги пуштале во црква.
Требало да се молат стоејќи на вратите, како пред затворени врати на Царството небесно. Ако светот живее во разврат, градењето на храмови нема да биде страшно за злите сили, а храмовите ќе стојат како надгробни споменици на поминатата и изгубена духовност. Духовната темнина не е само отсуство на светлост. Тоа е агресивна стихија која го завзема човекот, тоа е метафизички мрак на самиот човек, метафизички мрак на самиот пекол.
Развратот е уништување на семејството. Семејството се заснова на взаемно почитување и љубов. Развратот ги оттуѓува луѓето бидејќи нечистотата не може да соединува. Без разлика колку ниско и да паднал човекот неговата душа ја чувствува нечистотијата на гревот, нечистотијата на сопственото тело, нечистотијата на партнерот. Семејството се заменува со слободен секс, кој е сличен на кучешко парење, со таа разлика што кучињата не се занимаваат со разврат.
Развратот го спречува раѓањето на деца и затоа води кон физичка деградација на нацијата и на човештвото. Целиот човечки живот се одразува на неговите гени, остава свој код и затоа потомците на развратните луѓе се раѓаат со ментален дефект и деградација. Развратот ги брише разликите помеѓу половите и поради тоа машкото престанува да биде машко со психички комплекс на машко, а жената престанува да биде жена.
Во средновековната книга „Чеканот на вештерките“ која ја имаат напишано инквизаторите, многу прецизно се обработуваат ритуалите на тајните секти, се опишува сексуалниот однос на демоните со луѓето, при што демонот го менувал својот облик и час е машко, час е женско и затоа транссексуалците стануваат слични на демоните. Овде машкоста и женската убавина се претворени во прав и нечистотија. За древната философија кај човекот најважен бил разумот, за христијаните срцето, а за хедонистите гениталиите. Во потрагата по нови задоволства транссексуализмот дозволува и сексуално општење на човек со животно, притоа да не се гледа на разликата помеѓу нив.
Денес развратниците објавија слобода на сексуалното општење со животни и доколку не се прекине со тоа лудило, претпоставувам дека ќе се појави и прашање за регистрирање „брак“ помеѓу луѓето и четириножните жители на земјата.
Велат дека очите се огледало на душата. Погледнете во очите на развратникот и ќе ја видите нечистотија која плови длабоко во него, како одраз на нечистотијата која се насобрала во душата. Убавината има мистична смисла и таа смисла за убавина ќе го спаси светот. Убавината е една од одликите на самиот Бог, додека накажаноста е својство на демонот. Сепак содомитите не се со зли души, туку се луѓе, генетски наши браќа и сестри. И затоа, без разлика на целата одвратност која ја чувствуваме кон нивниот грев, треба да ги жалиме, да ни биде жал што самите себе се имаат лишено од духовната радост и душевната убавина. Заради душите на тие несреќни луѓе кои се случни на самоубијците треба да се бориме не само против развратот, туку и против демонските сили.


Што треба да правиме?


Христијанинот е должен со својот живот да покаже чистота и целомудрие. Мора да се бори против гревот почнувајќи од сопственото срце, треба да се труди да здобие благодат, која се повеќе ја напушта земјата. Доказ за тоа е невидливата сила на благодатта и очигледниот пример дека и помеѓу содомитите многумина ја чувствуваат својата духовна катастрофа, ги измачува состојбата во која се наоѓаат, но се потчинуваат на гревот, како некое битие слично на змијата. Непокајаниот грев често преминува во очај; човекот престанува да верува дека за него е возможно спасение, дека е можно да се промени и поради тоа уште повеќе влегува во гревови. Само добронамерен разговор може грешникот да го допре и да го пробуди неговото срце, додека прекорувањата и навредите во повеќето случаи предизвикуваат поголема огорченост кај човекот.
Треба да се има на ум дека освен земниот план има и духовен, метафизички план во кој се сумираат доброто и злото кое се случило на земјата, затоа доброто и злото повторно се враќаат назад, на некој начин се персонифицираат во случувањата на овоземната историја, час во вид на благослов, час во проклетство. Затоа треба да се молиме со Исусовата молитва која создава невидлив фон и духовна атмосфера за делување на благодатта. Апокалипсата мора да се исполни. Историјата не може да биде променета, но злото може да за прекине. Во сите ситуации христијанинот пред се треба да остане христијанин и да се потруди неговото срце да биде онаа точка во која се спојуваат небото и земјата. Само христијанинот кој е подвижник мора да ја ослаби демонската сила и да ја растргне метафизичката темнина во која е обвиена земјината топка.
Христијанинот е должен со сите средства и на секој можен начин да се бори против развратот, мора да се спротивстави на масовното изопачување на луѓето, помеѓу другото и на парадата на содомитите кои со својата поворка во христијанските земји ја сквернат земјата поросена со маченичка крв. Христијанинот има религиска и граѓанска должност своето семејство и народ да ги штити од неморал. Посебно мораме децата да ги чуваме од содомитите како од некаква духовна зараза, бидејќи развратот се учи уште од мали нозе. Треба да се делува во законските норми, треба да се открие суштината на демоскиот разврат, посебно содомскиот грев. Мораме да бидеме проповедници на христијанството, а со тоа и нашите зборови да бидат потврдени со примерен живот, бидејќи само така ќе имаат духовна сила. Но ако човек зборува против содомијата, а потоа мирно седне пред телевизорот или компјутерот и почне да ужива во развратните сцени, неговите зборови ќе бидат слични на гром без дожд кој не е во состојба да ја напои жедната земја на другата душа.
Гревот не е само лична работа како што се обидуваат да нѐ убедат, туку се шири на невидлив начин и ја влошува духовната состојба на луѓето кои контактираат со грешникот. Приметно е дека и билките реагираат на она што човекот го преживува, како и сатанистичките звуци на рок музиката и хеви метал кои погубно делуваат на живите суштества и тоа како да шират смртоносна радијација. Наспроти тоа, овошјето кое расте во близина на црква или манастир има посебен вкус, а водата од изворите кои се наоѓаат на свети места станува лековита. Кога комуницираме со некој човек, ние влегуваме во невидливото поле на енергиите. Затоа дружењето со некои луѓе ни дава стимул, како да ги обновуваме душата и телото, додека пак некои други нѐ угнетуваат и просто го уништуваат текот на дружењето. Човековите постапки и душевната состојба оставаат трага на околината.
Некои станови делуваат смирувачки и чевекот во нив се чувствува пријатно и не сака да излезе од нив, додека во некои простории човекот го обзема таква вознемиреност и сака што побрзо да го напушти тоа место, просто сака да побегне бидејќи се чувствува како да се наоѓа во некакво проколнато место. Затоа парадите на содомитите, кои потсетуваат на победничките паради, од мистична страна може да се гледа на нив како ритуално сквернавење на улиците и градовите.
Хомосексуалноста е грубо исмејување на човечкото тело и неговото семе. Зошто во Стариот завет било ценето раѓањето на деца и зошто неплодноста била сметана за несреќа во семејството? Затоа што раѓањето на децата било поврзано со очекувањето на Месијата. Што означувал обредот обрезание? Означувал посветување на своите потомци на Бога. Ако човекот се заколне во своите потомци, таквото заколнување не смеело да биде нарушено бидејќи тоа била најстрашна заклетва. Човековото семе е концентрат на животот, чудо кое човечкиот ум не го разбрал, ниту пак ќе го разбере, тајна која нема да биде откриена ниту од една наука. Злите сили се одмаздуваат на човештвото поради Христовото доаѓање и демонот од своите приврзаници бара да му го предадат своето семе. Во сатанистичките секти постои обред во кој се дава своето идно дете на самиот сатана. На вештерките развратот им бил задолжителен ритуал, а човечките ембриони биле жртвопринесувани на ѓаволот и од нив биле подготвувани јадења за волшебниците и вештерките. Затоа и развратот на метафизички план е ритуално сквернавење на семето и демонизирање на човекот.
Во желбата да се оправда развратот, некои луѓе говорат дека хомосексуалноста е поврзана со хормонско пореметување и затоа на содомитите треба да гледаме како на болни луѓе, но тоа не е точно. Во повеќето случаеви не делуваат хормоните на психата, туку психичката состојба делува на ослабување на хормоните; на пример во текот на опасности или во состојба на гнев во крвта се менува хормоналната слика, но не може поради тоа да се оправда насилството или убиството.

Луѓето не се раѓаат како хомосексуалци, туку тоа стануваат. Тој грев е неприроден и туѓ на човековата природа. Тоа е бунт против волјата и промислата Божја, избор на вечната смрт, таен сојуз кој душата го има потпишано со сатаната. Затоа парадите на содомитите воопшто не се декларирање на човековите права и слобода, туку пропаганда на развратот и насилство над моралот и совеста на луѓето.
Превод: ѓакон Димитар Арсовски

Oбјавено во „Троичник“ бр. 40