Храм   „Пресвета Богородица“  - Скопје

Храм „Пресвета Богородица“ - Скопје

Локација: Центар

Област: Општина Центар

Регион: Скопско

На 31.Јаноари 2008 свечено се освети Црковниот Храм „Пресвета Богородица“ - Скопје. Црквата ја осветли неговото превасходство Поглаварот на МПЦ архиепископот г.г. Стефан - во суслужение на повеќе владици на МПЦ

.Возобновувањето на „Пресвета Богородица“ е започнато пред четири години со донација н Трифун Костовски - 1.2 милиони евра ... Црквата се обновува према првобитниот проект на Андреј Дамјанов од 1830 година ...

Малку преземена историја за „Пресвета Богородица“ ... што има се на интернет:

** На интернет најдобар напис што го сретнав за црквата е: Црквата СВ. БОГОРОДИЦА Скопје ... ке пренесам дел од тој запис каде има и две стари фотографии ...

-Според легендата за црквата "Св. Богородица", од пред сто години, на местото на кое таа била подигната во 1835 година имало траги од некоја претходна црква од средниот век. Неа ја изградиле тогашните врвни најдобри мијачки градители, фреско-иконописци, копаничари-резбари од Мијачко: Папрадиште, Тресонче, Галичник, Гари и Осој, односно најдобрата градителска тајфа - прочуената фамилија Рензовци.

- Според легендата за црквата "Св. Богородица", од пред сто години, на местото на кое таа била подигната во 1835 година имало траги од некоја претходна црква од средниот век. Во времето кога таа била изградена, во Скопје имало уште две мали цркви: денешната црква "Св. Димитрија" (преку Камениот мост кај Старата чаршија) и црквата "Св.Спас" (во Еврејското маало под Калето).

- До 1830 година во Скопје значително се зголемувал бројот на православното население. Тоа се доселувало од околните села, како и од поблиските градови, така што црквите станале тесни за многубројните верници. Локациите на кои се наоѓале овие две цркви биле несоодветни затоа што околу нив имало турско население, односно граѓани со друга вероисповед. Турците не дозволувале да се поправаат црквите, така што не доаѓало предвид да се прошируваат.

- Во ова време била подигната и скопската катедрална црква "Св. Богородица". Прашање е дали таа би била толку брзо и лесно изградена ако тогаш во Скопје на чело на "православието" не биле двајца многу енергични, одважнии истрајни луѓе: митрополитот Гаврил и скопскиот првенецХаџи Трајко Хаџи Дојчиновиќ, а од големо значење било и тоа што во Управата на Скопскиот пашалук се наоѓал Хавзи-паша, ретко писмен муслимански првенец во тие времиња.

- Според кажувањата на скопјани (се претпоставува дека ова е легенда), на местото каде што била изградена црквата "Св. Богородица" имало каллива ледина. Хаџи Трајко со неговите успеал да ги "излаже" муслиманските првенцитака што една ноќ на тоа место пренел тули и отпадоци од старата црква "Св. Спас", која тогаш била во лоша состојба, ги закопал в земја заедно со стара икона на Св. Богородица, и кога Ханзипашината "комисија" го нашла тоа се уверила дека некогаш тука навистина постоела црква.

- Црквата "Св. Богородица"била градена со голема љубов. Хаџи Трајко бил најголем дарител и нејзин прв ктитор.

- Постојат веродостојни податоци за тоа кога, од кого и како е градена "Св. Богородица". Комплетно ја изградиле тогашните врвни најдобри мијачки градители, фреско иконописци, копаничари-резбари од Мијачко: Папрадиште, Тресонче, Галичник, Гари и Осој, односно најдобрата градителска тајфа - прочуената фамилија Рензовци, денес Зографовци, кои кон крајот на XVII, во XVIII и на почетокот на XIX век биле познати како неимари, а најголем углед постигнал Андреја-Зограф. Минатото и активностите на овој рензовски род, како по јава во нашата културна и етничка историја, во поново време се многу интересни и важни.

"СВ. БОГОРОДИЦА", КАТЕДРАЛНА ЦРКВА НА СКОПСКИТЕ МИТРОПОЛИТИ ИЗГРАДЕНА 1835 ГОДИНА

РЕНЗОВЦИ-ЗОГРАФОВЦИ МАЈСТОРИ: НИКОЛА, АНДРЕЈ, ЃОРЃИ И КОСТА

** Убав запис ке сретнеме и во подигнатата книга на интернет Животот во Скопје 1918-1941 ...

- Црквата “Света Богородица” била најголема и најимпозантна црква во градот. Црквата се наоѓала во најголемото маало, Пајко маало. Според Миленко Филиповиќ, црквата била изградена во 1835 година, а работата ја започнал уште во 1809 година зографот Дамјан.

- Типот на цркви на кои припаѓала црквата “Света Богородица” не бил многу редок, иако таа била градена според најстарите базилични цркви во Солун, Цариград и на приморјето.

- Хаџи Трајко бил првиот ктитор на црквата, а како спомагатели на црквата се споменуваат познатите скопски трговци: Јован Шишко кој подарил куќа и плац за изградба на храмот, потоа Трпе Патишкалија кој за таа цел подарил два дуќана, Петре Зелениковски подарил еден дуќан и меана и др.

- Црквата била градена од делкан камен од скопската околина. Од надворешната страна била скромна, просечен базиличен тип со три брода, а западниот дел бил проширен со трем.

- Иако надворешноста на храмот била скромна, внатрешноста била складна и убава со богат иконостас од мермер и ореово дрво со длабока резба на Светите Двери и богат архиерејски стол.

- Со материјалните средства на црквата “Света Богородица” и на добродетели од градот биле изградени две цркви “ќерки” , а тоа биле црквите “Свети Ѓорги” и црквата “Цар Константин и Царица Јелена”.

- Во Соборната црква “Света Богородица” редовно се одржувала богослужба и црквата била најпосетена и најбогата. Реони на црквата “Света Богородица” биле првиот дел на Ново маало, првиот дел на Маџир маало, Карадаг маало и Пајко маало.

- За време на Втората светска војна, црквата била запалена од страна на бугарските окупатори и не биле најдени остатоци од богатиот црковен инвентар-иконостасот, олтарот и др.

- До Соборната црква “Света Богородица”, се наоѓала запуштена црква, “Света Мина” која била изградена во 1902 година ...

** Миленко Ф. Јовановиќ, “Православна Саборна црква Света Богородица у Скопљу”, (архитектура-Декорација-иконографија),стр.337-415 и стр. 415-423

** Вечер има неколку написи за старата црква “Св.Богородица“ ...

"Св. Богородица" е подигната во чест на заштитничката на Скопје пресвета Богородица

- Црквата "Св.Богородица" е изградена во чест на пресвета Богородица, која скопјани ја сметале за своја заштитничка.

- Уште во 1834 година општинскиот одбор при црковната општина во Скопје донел одлука дека треба да се гради катедрална црква "Св. Богородица". Најголем удел во нејзината изградба имал скопскиот трговец Аџи -Трајко Дојчиновиќ, кој за оваа цел успеал да ги придобие скопскиот митрополит Гаврил и турскиот великодостојник Авзи-паша. Во тоа време, за да можат христијаните да изградат црква, требало да добијат дозвола од турските турските власти во Скопје. Дополнителен услов кој требало да се исполни било и тоа земјиштето каде што ќе се подига црквата да биде свето. Но ливадата на левиот брег на реката Вардар, во Пајко маало, која скопјани ја избрале за локација каде што ќе се гради црквата, не била света. Тогаш Аџи - Трајко смислил ујдурма како да ја добие дозволата од турските власти. Тој заедно со уште неколку скопјани на ливадата ископале дупка, во неа ставиле неколку тули и мала икона од св. Богородица, зајмена од црквата "Св. Спас". Турската комисија, кога излегла не терен и извршила неколку ископувања, ги нашла тулите и констатирала дека на ова место има остатоци од стара црква и издала дозвола за градба.

- Градител на катедралната црква бил Дамјан Јанкулов, кој за време на градењето починал, па храмот го довршиле неговите синови. Црквата била изградена и осветена на 1 мај 1835 година, а внатрешното уредување следело по осветувањето на храмот.

- Пред крајот од Втората светска војна во 1944 година катедралната црква "Св. Богородица" била запалена од бугарскиот окупатор и целосно изгорела.

- "Св. Богородица" пак ќе го штити Скопје

- Кажувањата говорат дека црквата "Св. Богородица" во Скопје, онаа што се наоѓала карши Македонската академија на науките и уметностите кај сегашната постојка на автобусите на Градски, на времето, во пусто турско, била изградена за само една година. Ја граделе, таа 1835 година и старо и младо, камен по камен, од рака на рака. Се според интрукциите на вештиот неимар Андреја Дамјанов. Одвнатре ја украсувале мајстори на фрескоживописот, а се мисли дека имало и икони од Дичо Зограф. Црквата за Скопје била мошне важна оти во неа имало словенско училиште во кое даскалувал и Јордан Хаџи Константинов - Џинот. Црквата по 110 години била урната - в час. Едни велат ја запалиле Бугарите, едни Србите, а еден историчар пак тврди дека е уништена кога сојузничките војски од Втората светска војна, враќајки се од Бари ги истуриле вишокот бомби баш тука. Врз Скопје, врз црквата "Св. Богородица", врз храмот на заштитничката на градот и на скопјани. Оттогаш тие сонуваат да си ја вратат црквата, на истото место и иста каква што била.

- Предлог Пресвета Богородица да биде закрилница на Скопје

Иницијатива за возобнова на традиционалното закрилноиштво на Пресвета Богородица на Скопје уште во 1994 година стигнала пред Извршниот одбор на Собранието на Скопје. Иницијативата поминала пред Извршниот одбор на градското собрание, но никогаш не била ставена на дневен ред за гласање. Сега за 2002 година повторно се реактивира овој проблем, уште повеќе и со издавањето на публикацијата "Пресвета Богородица закрилница на Скопје" од Милан Порјазов, тогашен член на Извршниот одбор на Собранието на Скопје и еден од иницијаторите на предлогот. - Во тоа време предлогот не стаса на дневен ред за расправа и гласање заради политичките состојби. Во ова нема ништо црковно, туку само сакавме да ја обновиме вековната традицијата на култот кон Богородица во Скопје. Знаете кои луѓе беа тогаш на власт и какви беа нивните ставови. Денес ако некој повторно го стави ова прашање пред Извршниот одбор можеби и ќе помине и ќе се изгласа. Јас дури и лично по издавањето на публикацијата го прашав градоначалникот Ристо Пенов дали ја прочитал. Тој ми кажа дека ја прочитал и дека му се допаднала. Го прашав што сега ќе правиме и дали може повторно оваа иницијатива да се обнови. Мислам дека сега има некоја позитивна клима и дека во нареднава година можеби ова прашање ќе се најде пред Градското собрание - вели Милан Порјазов. Публикацијата "Пресвета Богородица закрилница на Скопје" што ја издаде Дирекцијата за култура и уметност всушност е материјалот подготвен од Порјазов проследен со предлогот доставен пред градското собрание.

** На богослужба се повикувало со дрвено клепало и клопотарци ... Некогашната црква "Света Богородица" шест децении по изградбата не смеела да користи ѕвона ... Малкумина знаат дека на местото на "Света Богородица" постоела истоимена катедрална црква, која е изградена во 10 или 11 век, во која се наоѓала и чудотворната икона Богородица Троерачица ... Билјана Јовановска Утрински - Број1493 понеделник, 16 октомври 2006 ...

- Храмот на "Света Богородица", заштитничката на градот, ќе биде исто така импозантен и убав, зашто реконструкцијата ќе се врши на старите темели и наполно ќе се запази автентичноста на црквата која во 1835 година ја изградил Андреј Дамјанов со својата тајфа.

- Идејата за нејзината повторна градба е присутна со години, во меѓувреме имаше дилеми дали на просторот спроти МАНУ, на местото на старата црква да се изгради сосем поинаков, нов храм или да се реконструира. Дилемата ја пресекол бизнисменот Трифун Костовски, кој ќе ги донира средствата за изградбата, со еден единствен услов: на Скопје да му се врати црквата "Света Богородица", но со својот автентичен изглед!

- Проектантски тим, раководен од архитект Тодор Паскали се погрижи да нема отстапки во градбата, освен онаму каде што е неопходно - со вградување бетонски структури за статика и сеизмика на храмот. Надворешно ќе биде направена од камен, кој веќе е пронајден во околината на Скопје.

- Малкумина знаат дека на местото на "Света Богородица", постоела истоимена катедрална црква која е изградена во 10 или 11 век. За оваа црква, постојат малку пишани документи, но од едно епископско писмо на папата Инокентие Трети од 1204 година се дознава дека во Скопје во тоа време постоел храм посветен на света Богородица. Според забележаната традиција на Света Гора и според кралската повелба на Милутин од 1300 година, во кој катедралната црква во Скопје постојано се нарекува "Света Троерачица", се смета дека во таа црква, по враќањето на свети Сава од патот во Светата земја, се наоѓала чудотворна икона на Света Богородица со три раце (Троерачица), по која храмот и го добил името.

- Преданието вели дека оваа исклучително почитувана икона која сега се наоѓа во Хиландар, свети Сава ја нашол во Ерусалим, ја откупил и и ја подарил на скопската епископска црква. Интересна е легендата за потеклото на оваа икона: таа му припаѓала на св. Јован Дамаскин (значи датира од 8 век) и во време на иконоборечките прогони на иконата со чудотворно дејствување, му пораснала десната рака, која му била отсечена во знак на казна затоа што со неа ги пишувал текстовите во одбрана на иконите. Св. Јован Дамаскин, во знак на благодарност за тоа исцелувавање, дал да се направи модел од сребро од неговата рака кој го приковал, како трета рака на таа икона. Оттаму, се вели, иконата го добила името Троерачица. Потоа, од Дамаск била пренесена во Ерусалим, каде што и ја нашол свети Сава.

- Овој податок е само уште една потврда за важноста на црквата "Света Богородица", за која се претпоставува дека датира од византискиот период, особено ако се има предвид значењето на чудотворната икона Богородица Троерачица, која и денес е меѓу попочитуваните икони.

- Дали познатото мијачко градителско семејство Рензовци, кое ја почнало градбата на "Света Богородица" во почетокот на 19 век, знаело за постоењето на некогашната катедрална црква е неизвесно. Она што е сигурно е фактот дека во тој период на христијаните им биле дадени поголеми верски слободи, гарантирани со ѓулханскиот хатишериф и со Хатихумајунот издаден по Кримската војна, па црквата "Света Богородица", за разлика од другите ниски, тесни и во земја вкопани скопски цркви, како "Свети Спас", на пример, била многу повисока и попространа. По смртта на својот татко, Андреј Дамјанов ја изградил црквата во 1835 година. Како заштитничка на градот, "Света Богородица" била градена со многу љубов, зашто нејзиното име го добивале само катедралните храмови. Најголем донатор за градбата бил скопјанецот Хаџи Трајко, кој го дал и земјиштето, иако во натпреварот кој ќе даде повеќе се вклучиле и други градски богаташи, така што за едно деноноќие биле изградени темелите. Запишано е дека граделе сите - и старо и младо. Каменот бил носен од Водно, а девојките и жените им додавале малтер на мајсторите, зашто се градел најголемиот скопски храм.

- Скопјанецот Хаџи Коста раскажувал дека околу десет години темелите стоеле голи, зашто локалните бегови ја спречувале градбата, а одобрението се чекало од Цариград. Во 1834 година дозволата е добиена, градбата била интензивирана, а осветувањето се случило на 1 мај 1835 година.

- Во ретката ако не и единствена книга "Споменица на православниот храм" која сведочи за оваа црква, чиј автор е д-р Јован Хаџи Васиљевиќ, пишува дека до мирот склучен во Едрене во 1829 година не можело да се размислува за црковни ѕвона во областите на Скопската митрополија, како и во други области под турско ропство. Дотогаш повикот на богослужба бил со удирање во дрвено клепало и железни клопотарци, кои стоеле обесени на столбовите пред црквата. "Света Богородица", првото ѕвонче го чекала цели четириесет години. Еден доселеник-битолчанец и го дарувал во 1875 година, ама и со него не смеело да се ѕвони. Првото големо ѕвоно на скопската катедрална црква во 1904 година заеднички го купиле сите скопски еснафи, меѓутоа и со него не смеело да се ѕвони се до хуриетот во 1909 година, кога во Турција бил прогласен уставот и слободата. Но, и тогаш работите не оделе лесно. При подигнувањето на камбанеријата на "Света Богородица", чија градба ја доби конечната форма дури во 1912 година, државната власт барала кубето и канбаната да бидат со иста височина.

- Во книгата на Хаџи Васиљевиќ е запишано и тоа дека во комплексот каде што се наоѓала црквата имало и шест куќи од тврд, но како што вели, слаб материјал, седум меани, дваесетина локали со индустриска и трговска намена, три фурни за леб, четири плаца и други завештанија. Црквата била разубавувана во неколку наврати, а во фрескоживописот и во иконописот се препознавала лесната рака на Дичо Дебранецот. Многу убава била и резбата во која биле изработени Светите двери, иконостасот и архијерејскиот стол, а забележителни биле и двата параклиса во "женската црква". До 1857 година во дворот на црквата биле и гробиштата за овој дел од градот, кои потоа се преместени на друга локација. Сепак, во дворот на "Света Богородица" биле зачувани гробовите на најголемиот донатор на црквата - Хаџи Трајко, на митрополитите Гаврил и Јоаким како и на скопските првенци Хаџи Димитрие и Јован Шишко. Интересно е што при истражувањето на локалитетот на кој ќе се реконструира некогашната црква, биле пронајдени три гроба, кои и сега се гледаат, но никогаш не беше соопштено кому припаѓале.

- Црквата е запалена во 1944 година од бомбите на сојузниците кои прелетувале од Бари за Романија. Останале само фасадните ѕидови кои биле урнати кон крајот на педесеттите, за тука да се изгради Младински дом кој бил урнат во земјотресот. Иако во оваа катастрофа настрада голем дел од градот, верниците уривањето на Домот го објаснуваа со наводното лутење на Богородица заради непочитување на традициите, на ова свето место да се изгради ново духовно сврталиште на скопјани.