Храм „Свети Наум Охридски“ - н. Радишани

Храм „Свети Наум Охридски“ - н. Радишани

Област: Населба „Радишани

Регион: Скопско


Свети Наум Охридски Чудотворец е македонски православен христијански црковен храм во населбата Радишани во Скопје. Сместен е во долот од десната страна на реката Серава на подножјето на ридот кој се издигнува кон североисток. Црквата е изградена како манастир во 1936 година, кога при ископувањето на темелите за изградба на овој храм селаните нашле остатоци од некој стар храм [. Во манастирот селаните вообичаено се собирале три пати годишно на денот на Св.Наум, на Крстовден и една недела пред Ѓурѓовден. Со текот на времето и порастот на населбата Радишани таа станала главна соборна црква за целата населба и околните места, често посетувана за време на најголемите христијански празници, а во неа се извршуваат и венчавки и крштевки.