Храм „Свети Николај Мирликиски Чудотворец“ - н. Аеродром

Храм „Свети Николај Мирликиски Чудотворец“ - н. Аеродром

Храм „Свети Николај Мирликиски Чудотворец“ - н. Аеродром

Област: Населба „Јане Сандански“

Регион: Скопско

Храмот посветен на „Свети Николај Мирликиски Чудотворец“ се наоѓа на плоштадот „Јане Сандански" во истоименото населено место во општината Аеродром - Скопје. Започнат е со градба во 2011 година од страна на градежното претпријатие „ЖИКОЛ" - Струмица, чиј сопственик, г. Живко Пандев се јавува како ктитор. Храмот е осветен од страна на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение на епископот Велички г. Јосиф, на 25 мај 2013 година, кога Православната црква го празнува споменот на свети Епифаниј Кипарски и на свети Герман, патријарх Цариградски, по што се отпочнува со редовни богослужби. Храмот е фрескоживописан во 2015 година.