Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!

Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!

Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!

image

Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!

Со Благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и САС на МПЦ – ОА, на големо изненадување и радост за сите верници, оваа година токму на Велигден, Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Софискиот аиродром го пречека и прими Благодатниот оган донесен директно од Ерусалим од Митрополитот на БПЦ г. Антониј и со директен лет Го пренесе Благодатниот оган кој го симболизира излегувањето од гробот на Вистинската Светлина, т.е. Воскресението Христово на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Митрополитот Струмички г. Наум во Скопје, а потоа го предаде на свештениците од сите архиерејски намесништва и верниците кои го примаа Благодатниот оган. Биењето на камбаните пред полноќ ги повика граѓаните на Штип масовно да го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – ВЕЛИГДЕН, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, каде што богослужеше Митрополитот Брегалнички г. Иларион

На полноќ Митрополитот Брегалнички г. Иларион од платото пред Соборниот храм Свети Николај во Штип на Своите верни чеда им го честита Најголемиот Христијански Празник со торжествениот поздрав: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! По што се упати во храмот да отслужи Света Воскресенска Архиерејска Литургија и одржа пригодно слово и ги причести православните верници. На Светата Литургија присуствуваа голем број верници меѓукои и Министерот за Внатрешни работи при Владата на РМ г. Оливер Спасовски и Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски.